Српски Курир пренесува дека родителите пред неколку дена ги подигнале 2-та милиона евра од сметката во српска Комерцијална банка, на која пари донираа луѓе од цела Србија и регионот, за малата Тијана да може да оди на операција на трансплантација на срцето во Хјустон.
Во хуманитарната акција се собрани повеќе пари, меѓутоа дел беа потрошени за патувањето и почетните фази од лекувањето на Тијана во Хјустон.
"Тие пари, поточно околу 2 милиона евра, Јелена и Небојша Огњановиќ ги подигнаа пред неколку денови. Бевме изненадени од нивната постапка, но не можевме да ги спречиме да ги подигнат парите од хуманитарната сметка која гласи на нивно име," изјавил за Курир извор од Комерцијална банка.
Она околу што моментално е вчудовидена цела Србија е што родителите решиле да ги соберат парите од хуманитарната акција за себе, без притоа ни да помислат да им ги отстапат на децата со посебни потреби или со болест слична како онаа на нивната ќерка.
Уште по смртта на Тијана, српската јавност очекуваше дека нејзините родители ќе ги поклонат парите во хуманитарни цели. Меѓутоа наместо да го направат тоа, тие одбиваа да зборуваат на темата и потполно прекинаа контакт со медиумите, кои беа и главната причина за успехот на нивниот апел за помош на ќерката.