Веста за неуставната одлука на Хрватите, Танјуг ја пренесе како веродостојна, иако во текстот стои дека предлогот за одредување на уставноста го поднел Владимир Шекс како би "покажал дека има смисла за хумор."
Според пишувањето на Танјуг, "овој правен проблем, според оценките на експертите, би можел и да се продлабочи затоа што Хрватска е полноправна членка на ЕУ."
На почетокот од август, сатиричниот хрватски сајт News Bar објави дека "едностраната одлука на СР Хрватска, која во тоа време била составен дел од СФРЈ, не е во согласност со одредбите на хрватскиот устав," кои не дозволуваат промени на територијалниот интегритет на земјата.
Заради ова, објаснува Њуз бар, одлуката на парламентот од 1991-ва е "неуставна, и не е во складот со меѓународната конференција за воведување статус кво."
Лани Танјуг објави една друга сторија од Њуз Бар, во која се тврдеше дека со влегувањето во ЕУ Хрватска би можела да ги промени химната и грбот.