Враќањето во Србија

Братислав Живковиќ, 39 години, невработен, инаку има титула - командант на четничкото движење. 40 и нешто денови бил во Украина за да го одбрани недолжното руско население. Длабоко верува во воскреснувањето на Кралството Србија.

Живковиќ во Украина оди на покана на Козаците и со себе од Србија зема уште околу 20-на соборци. Ова не му е прва војна, туку учествува и во војната во Косово и Метохија во 1999-та.

Не спомнува колку пари заработил од гурбетот во Новорусија туку само дека таму бил за да помогне, и (како четник) да се бори против фашизмот што се појавил во регионот.

13 јануари 2015 - 11:40