"Ги притискаме да не легнуваат веќе во постела со Русија но сè уште немаме добар алтернативен план за Бугарија," признава Тим Борсма, експерт за европска енергетика на бруклиншкиот институт.
Вашингтонско- бриселскиот план за минирање на рускиот Јужен тек скапо ќе ја чини Бугарија со оглед на тоа што оваа земја увезува 80 проценти гас од Русија а 100 посто е зависна од Москва во поглед на нуклеарната енергија.
Тоа го истакна и премиерот Борисов за време на неодамнешната посета на Џон Кери на Софија додавајќи дека заради тешките одлуки кои ги донела во врска со рускиот нафтовод може да се најде и пред меѓународен суд, притисната со тешки тужби од Русија.
Бугарите и натаму се надеваат дека државата некако ќе стане центар за дистрибуција на плин до земјите членки на ЕУ и Енергетската заедница. Надеж на чија реалистичност се сомневаат во соседна Србија.
"Кој ќе им даде пари, Американците? И да им ги дадат тие пари, Бугарија прво ќе мора да клекне пред Москва и да ја замоли преку нејзина територија да се транспортираат толкави количества плин. А зошто Русите би им ја дале таа привилегија токму на Бугарите кога тие се најголемите виновници за откажувањето на Јужниот тек?, се прашува претседателот на српското здружение за гас.
Во меѓувреме, Турција се подготвува за друг систем на гасовод со јазол на турската граница со Бугарија, што е веќе одобрено од Европската комисија. Газпром веќе поднесе барање до антимонополската комисија за преземање удел во турската Акфел Газ. Но, последните сигнали велат дека Анкара ќе ги пролонгира овие преговори сè додека не добие доволно ниска цена на гасот за себе. Во моментов Германија добива руски гас за 6 проценти поефтин од оној што ѝ се нуди на Турција и овие не се задоволни со таквиот исход.