За идеологијата, српската политика и нејзината модернизација
(Од предавање на трибина на Институтот Аспен во Берлин, на 04.11.1998-ма)
И површен поглед на политичката сцена во Србија покажува дека тука не помагаат класичните партиско-политички модели. На пример, веројатно сме единствени во светот по тоа што кај нас најбогатите луѓе ја основаа партијата на екстремната левица - ЈУЛ. Така за социјална правда во Србија најгласно зборуваат оние кои својот имот го мерат во десетици милиони марки...
... Посебна приказна се оние кои се дел од десницата или кои во светските медиуми фигурираат како екстремна десница. Тука залудно ќе трагате по содржината и програмата на класичните конзервативни и десничарски партии. Најголемата "десна" партија кај нас е експонат на еден пакет на колективни пресуди, а не на колективни интереси. Таа е партија на вешто подгреана завист. Дотолку повеќе нивната судбина зависи од медиумската презентација, отколку од партиската организација и партиската програма...
... Силата на една партија кај нас произлегува од спојот - лидер плус идеологија, а не од конкретната партиска програма во тимот кој е компетентен да ја спроведе...
... Улогата на политиката се сведува на мобилизирање на граѓанството, на барање генерална и плебисцитарна поддршка со сосема генерални политички ветувања, без јасни обврски и одговорности за неисполнување на овие ветувања. Наравоучението од оваа перцепција гласи: на српската политичка сцена најголем успех можат да имаат оние со големи мобилизирачки идеологии, кои емоционално интегрираат и кои ветуваат мир, хармонија и безбедност. Еворпската политичка историја познава две такви големи идеологии. Тоа се социјализам и национализам. И двете својот идеолошки зенит го достигнуваат во 19-от век, а своите патолошки потомци - комунизам и фашизам - во првата половина на 20-от век.
Да не должам, логично е што денес во Србија имаме политичка доминација токму на идеолошкиот социјализам и национализам (со реторички примеси на комунизам и фашизам), а не на некои други идеологии...
... Во епохата на глобализација, задача на националната интеграција и мобилизација не може да биде извршена како во времето на создавањето на националните држави. Европската интеграција денес е рамка во која, според јасни правила, може успешно да се извршува национална интеграција, па дури и во така комплицирани случаи како што е оној со Србите на Балканот.
Потоа, социјалните проблеми, чија ескалација се предвидува во сите држави на некогашниот социјализам, може да се решаваат само со ефикасно стопанство, а тоа нема многу врска со социјалистичката економија...
... Што е решението? Решението е во комплетно нова концепција на српската политика. На крајот од овој милениум, мораме да сториме се' за во Србија конечно да заврши идеолошкиот 19-ти век... На самиот крај на 20-от век, оваа политика не може да биде идеолошка. Рокот на траење на идеологијата неповратно истече. Ни требаат програмски концепции, не идеологии...
... Кој може да го води овој политички процес? Веќе видовме дека партиите кои во моментов доминираат со политичката сцена со Србија претставуваат кочница за општествениот развој. Од друга страна, за нас како демократи предвид доаѓаат само промени по институционален пат. Нов почеток да, нова револуција не.
За национализмот и патриотизмот
(Oд обраќањето на студентите на Универзитетот во Бања Лука - 21.03.2003-та.)
... Ние немаме пријатели во светот. Тоа е лошата вест. Многу помалку лоша вест е што никој во светот нема добри пријатели и во светот никој никого не сака. Постојат само протоколи. Постои дипломатија во која тоа се преставува на поубав начин. Значи, секој го брани својот интерес и секој го сака другиот во рамки на својот интерес. Ако некаде се појави некоја гужва тогаш секогаш страда најслабиот. Значи кога возите по автопат, и ти си во фичо а на страна се претркуваат шлепери и цистерни, немој да се мешаш таму затоа што на крај ти ќе настрадаш. Тоа дали тој преминал на лева или на десна страна, на крај ни свети Петар нема да ти го реши, ама ти ќе бидеш на небо. Значи, процени ја својата ситуација, своите можности, процени ја патеката на тие шлепери или што и да е, Америка, или Русија, или Кина, или кој и да се движи по овие автопатишта и гледај како да се протнеш низ сето тоа и да стигнеш на својата цел. Во принцип овој автопат е доволно широк. Ако си вешт возач, автопатот е доволно широк за секој да може да стигне на својата цел....
... Нема трајни пријателства и нема трајни непријателства во меѓународната политика. Постојат некои констелациии, каде одредени сили ќе се најдат на другата страна и секогаш треба да процените кој е ризикот и ако ризикот е премногу голем треба да се тргнеш од тие ситуации. Ние не можевме да ја процените таа состојба во Белград. Вие тука сте само колатерална штета на лошата проценка во Белград затоа што едноставно во Белград во тој момент не одлучуваат луѓе кои можеа да разберат што се случува во светот. Тие мислеа дека падот на Берлинскиот ѕид е само еден инцидент и дека дупло поголем Берлински ѕид ќе биде изграден во 90-те. 89-та тој по грешка е срушен, ама во 92-ра, 93-та, 94-та ќе биде донесен Кинескиот ѕид. Секако тоа беше глупо. Беше јасно дека правецот на светските случувања оди во таа насока, дека социјализмот и како економија и како и идеологија и како систем е поразен, дека се распаѓа и дека треба да се бара иднина на некоја друга страна. И ние ја плативме таа цена. Би било голема грешка ако таа цена двократно ја платиме. Значи еднаш ја плативме и втор пат ја плаќаме затоа што постојано се занимаваме со тоа дека целата иднина ќе ја обновуваме со косовскиот пораз. Еднаш сме поразени, па потоа цела историја правиме мит од тоа. Јасно е дека тоа беше пораз. Но ако вие од поразот направите победа, тогаш практично вие го славите својот пораз. Наместо да кажеме, тоа беше, тоа се случи, да анализираме што се случило, ние бевме неединствени, не ја разбравме доволно ситуацијата, се случи ова, се случи она. Ајде нешто да сториме и да го поправиме ова и во следата ситуација да бидеме на страна на победникот. И мислам дека тоа секако дека е возможно. Но вам ви треба извесна позиција: за да бидете играч по правилата на светската игра, морате да исполнувате одредени минимални услови за да бидете прифатени како играч. Ако постојано ги пореметувате правилата и постојано кажувате не сакам ова, не сакам она, јас само го сакам она што на мене ми се допаѓа, тогаш ќе ве исклучат и ќе ви кажат: ајде сега оди таму на клупа и играј по твои правила. Значи тука мора да се најде една мерка за почитување на правилата и секако по некое фаулирање, а судијата да не го забележи тоа или разни комбинации кои вам ќе ви дозволат да дадете гол и на крај да победите.
... Некого да прашате кој е најдобар експерт за јазик, култура, вера - писатели, поети, попови - дали се тоа најдобри претставници на еден модерен идентитет? Не баш. Зошто? Затоа што тие тежат кон претерувања, тежат кон исклучивост, тежат кон поезија, митови, бидејќи тоа е нивна работа. И ако ја погледнете нашата политика во последните 100 - 200 години, вие ќе видите дека во неа има повеќе проповеди отколку политички програми. Тоа се прикажува како политичка програма. Меѓутоа кога вие ќе прочитате и видите дека тука во прилична мерка се нудат непроверени работи, разни приказни од минатото, разни симболи, сето она што не е лошо како дел од некоја општа политичка култура, но е многу лошо ако треба да биде дел од една оперативна политика во која вам ви треба јасен план, стратегија, проверлив план кој може да се анализира, тогаш тоа не е добро. Вие треба да направите една екипа и да кажете: ве молам направте неколку сценарија врз основа на она што треба да се случи, ако сакаме тоа да го сториме. Вие имате многу малку наши политички програми, српски, кои почиваат на овој модерен концепт на политика, но затоа имате многу, многу од оние кои почиваат на комбинација на поезија и големи верски проповеди и заради тоа не бевме баш претерано успешни, затоа што едно е да држиш говори што палат и да им се обраќаш на емоциите, а друго е да планираш озбилна државна политика.
Пораки за демократската партија
(Од извештајот за работата на Демократската партија на 05.10.2001-ва.)
Важно е да имате јасен план и јасна визија. Можете да победите на изборите, можете дури и да ги сочувате гласовите, но во една диктатура изборите не се добиваат на зелена маса. Изборите се добиваат на улица. На основа на нашиот јасен план, јасна стратегија и многу јасна визија за тоа каде сакаме да одиме, ние успеавме една од најлошите диктатури во Европа да ја смениме со мирни средства. Затоа што на неа ништо друго не и остана за да се предаде. Не затоа што не сакала да искористи сила, туку затоа што против силата која ние ја организиравме, силата на народот, немаше поголема сила.
Благодарејќи на планот и јавната визија успеавме овој народ без пролеана капка крв од диктатура да го воведеме во демократија. Благодарејќи на јасниот план и чистата визија, ние оваа земја можеме од најголемата економска беда во која се наоѓа една европска земја, да ја воведеме во закрепнување, во економски развој. Но, дали секогаш е важна визијата. Секогаш мора да се прашате, каде тоа одам? Не дали само брзо трчам, не дали трошам енергија, туку дали ја знам целта до која можам да стигнам.
Стабилноста на регионот во кој се наоѓа нашата држава претставува еден од условите и факторите на нашиот сопствен успех.
Во нашиот регион процентуално има најмалку инвестиции во последните 10 години. Животниот стандард на населението е далеку полош отколку во сите други европски региони. Перспективата за развој, пред се' во областа на инфраструктурата, пред се' во областа на големите проекти, е полоша отколку во другите региони на кои им е потребен развој. Заради ова ние мора да креираме регионална политика, бидејќи интересот на нашата земја е нашиот регион во светот да биде познат како регион на стабилност...
... На овој тенок и тесен пат мораме да напредуваме и заради тоа е важно на луѓето во Србија да им се објасни дека реформите кои ги спроведува не можат веднаш да донесат резултати "Гладни сте, знам, засеавте и за 15 минути би сакале да пожнеете, да испечете леб и да им дадете на децата," но за жал природата има своја логика, морате да почекате. Ние сега сме во фаза на орање, во фаза на сеење. Имаме што да посееме, знаеме што да посееме, имаме луѓе кои умеат да ја водат оваа работа, но ќе ни треба извесно трпение, извесно време пред да почнеме да жнееме. Ако тргнеме да го вадиме семето од земја и меѓусебно да го делиме, никогаш нема да има жетва...
... На крај сакам да кажам нешто што стварно ми лежи на срце. Еден од нашите големи успеси што сме го постигнале во овие 10 години е членувањето во Демократската партија да биде привилегија. Да не биде нешто обично, нешто што се постигнува по пат. Туку навистина да значи нешто тоа што си член на Демократската партија. Тоа што ќе го кажат другите луѓе, посебно конкурентите, и тие знаат, дека да се биде со демократите значи да се биде најдобар.
За Косово
(Интервју за НИН, 12-ти, ноември, 1998.)
Сите максималистички приказни се пропаднати. Планот на Милошевиќ и Холбрук ги влоши политичките услови за преживување на Србите на Косово и важно, драстично ја менува нивната положба. Главните приоритети сега треба да бидат останувањето на Србија во Косово. Ако работите се пуштат низводно, после година или две од спроведувањето на тој план со албанска сувереност во полицијата и судството, со нивен претседател на Косово кој ќе биде избран, со парламент кој ќе биде избран, нема шанси Србите да останат. Значи мора под итно да се направи план за делување во новонастанатите услови. Тоа е првиот чекор.
Прво, да се каже вистината. Дека тој договор Холбрук - Милошевиќ е производ на тешка криза во нашата држава и нема што тука да се разубавува. Второ, во сите разговори мора да бидат вклучени Србите од Косово. Разговарав и со претставниците на меѓународната заедница. Тие велат: немаме ништо против, но тоа зависи од Милошевиќ. Трето, статусот на Србите да се претопи во албанскиот статус, туку да се каже: ако Албанците имаат специјален статус во однос на Србија, тогаш и Србите на Косово треба да имаат специјален статус треба да имаат специјален статус во однос на Албанците. И четврто треба да се направи национален план за економска поддршка на Србите кои се бедните во Косово.
За Европската Унија
(Од говорот на Черчиловиот симпозиум во Цирих, 11.10.2002-ра)
Без својата целовитост Европа нема да биде стабилна и нема да може да игра водечката улога во светската историја. Мојата порака е следна: нормално дека клучни се позитивните сили во самите држави на Балканот, но нам ни е потребна и позитивна енергија од Европа. Оваа енергија не смее да се сведува на материјални работи, таа мора да содржи идеализам и емоција. Јас тоа можеби погрешно го гледам, затоа што живеам во Централна Европа, но ми се чини дека самата Европа и идејата за Европа се повеќе и повеќе станува сведена на протоколарно, на бирократско, на процедурално. Во самата Европа присутен е дефицит на европски идентитет, а за нам Европа да ни даде малку повеќе надеж таа мора да ја создаде таа позитивна енергија. Во самата Европа мора да се знае заради што европскиот модел е подобар од сите други модели на светот. Не гледам многу полетност околу овој проект и не гледам многу луѓе во Европа кои работат на тоа да го убедат целиот свет дека европскиот модел е добар и дека не е во прашање само економијата и развој на градови, дека не се работи само за добар стандард, туку дека тоа е проект со душа. Нам ни е потребна европска душа и ние, иако се уште не сме членка на ЕУ, ја имаме.
За колективната одговорност
(Интервју за НИН, март 2000-та.)
Ако нешто ми е поодвратно од приказната за небесна Србија и за Србите како небески народ, тоа е приказна за геноцидниот карактер на српскиот народ. И едното и другото се од иста кујна. И едното и другото се мит за колективна одговорност, без разлика дали таа одговорност е позитивна или негативна. Таа приказна за денацификација на српскиот народ е чиста глупост. Глупост е потрагата на Вили Брант и постојаните приказни кој на кого ќе му се извини и ќе му клекне. Со милион бегалци во Белград и во Србија, и без Срби во Краина, и во Сараево, и на Косово некој да ми зборува за колективна одговорност и за тоа дека треба да се денацифицираат Србите, тоа е цинично.
виа Недељник