На Потемкин ривју, Жижек пишува:
"Постојниот притисок на ЕУ врз Грција за да се имплементираат мерките за штедење, перфектно се вклопува во она што психоаналитичарите го нарекуваат суперего. Суперегото не е етички фактор, туку садистички причинител, кој ги бомбардира субјектите со невозможни барања, безобразно уживајќи во неуспехот на субјектот да ги исполни истите. Парадоксот на суперегото е, како што Фројд јасно забележал, колку повеќе ние ги почитуваме неговите барања, толку повеќе се чувствуваме виновни. Замисли пакосен професор кој на своите ученици им дава невозможни задачи, и потоа садистички им се дере кога ја гледа нивната нервоза и паника. Тоа е она што е така ужасно погрешно со барањата / наредбите на ЕУ: тие не и даваат шанса на Грција - грчкиот неуспех е дел од играта.
Токму ова е застрашувачко за естаблишментот на ЕУ околу Владата на Сириза: таа го признава долгот, без никакво чувство на вина. Сириза се ослободи од притисокот на суперегото... Затоа јас изјавувам длабок почит за борбата на Сириза. Самиот факт дека тие постојат сите нè ослободува: знаeме дека се додека постои Сириза, има шанси за сите нас."