Бидејќи ако им се верува на анкетите пост-ЕУ Британија станува се поверојатна, Гардијан ги спрема своите читатели за земја "без полски водоинсталатери, без патување до Кале по алкохол и без потреба да учат странски јазик".
Како што цената на златото изминатава декада е во постојан раст, а они веќе имаат на располагање работна сила, пари и вработени што радо ракуваат со оружје, наркокартелите се одлучија да се пробаат во бизнисот со нелегално ископување злато.
Француското обвинителство објави дека околу 150 Руси се одговорни за најголемиот дел од насилството што се случи во Марсеј пред натпреварот од Еуро 2016.
Иконската фотографија од Хилари Клинтон од 2011 како го користи својот Блекбери додека е на воен авион инспирира еден службеник во американската администрација да провери дали Клинтон го користи својата @state.gov меил адреса. По ова започнува меил скандалот на Хилари.
Ставот е дека американската индустрија за испитување на јавното мислење последнава деценија е во сериозна криза и станува се полоша во предвидувањата за наклонетоста на земјата на изборите. Уште на почетокот на партиските избори во САД, "секој што работи во политиката знаеше дека индустријата задолжително ќе се посрами во текот на годината. Прашањето не беше дали, туку колку."
На 74 годишна возраст почина Мухамед Али, најголемиот на сите времиња. Почна како Касиус Клеј, продолжи како Мухамед Али но без разлика на името и на верата, секогаш му беше јасно што му е кармата: "Тревата расте, птиците летаат, јас тепам."
Сите автомобили регистрирани пред 1997 од 1-ви јули нема да можат да влезат во Париз, а истото важи и за моторите регистрирани пред 1999-та. Ова е за почеток, со тек на годините ќе станува уште построго.
Лос Анџелес составува план за искоренување на бездомништвото во градот и околината, клучен дел од планот за спас на бездомниците е дека милионерите треба да платат за тоа.
Една неодамнешна анкета меѓу пензионери покажа дека луѓето се прилично среќни што не мора да работат и речиси немаат никаков проблем да си најдат занимација - посебно ако немаат сериозни проблеми со пари.
На 15-тина деца од едно кинеско село, училиштето им е далеку само 800 метри. Но, патот до него трае 90 минути а само еден погрешен чекор значи дека утре - нема школо.
Главниот заплет кај феноменот што социолозите го нарекуваат "парадокс на пријателството" е дека луѓето најверојатно имаат помал број на пријатели отколку што имаат нивните пријатели.
Конкретната продавница е во Сан Франциско и претставува концепт за тоа како Епл ги замислува продавниците во иднина, ова е прв голем редизајн во последните 15 години и на него е посветено подеднакво внимание како на меѓусерија на Ајфон.
По веста дека група манекенки ќе ги тужат своите поранешни агенции, заради најразлични форми на малтретирање, Миранда Фрум седнува да пишува за нејзиното искуство како манекенка.
И учениците муслимани во Швајцарија ќе мора да се ракуваат со професорот / професорката на почеток и на крај на часот, одлучија швајцарските локални власти.
Една од заедничките работи за Панама документите, и Офшор ликс и Свис ликс пред нив, е што содржеа имиња на членови на Блиско-источни кралски семејства, кои не само што се неброено богати, туку се семоќни и изземени од плаќање даноци во своите земји.
И покрај целиот лош публицитет и штетата што и ја прави на кампањата, Бил и Хилари Клинтон одбиваат да ги објават транскриптите од нивните платени говори, или барем да одговорат што добиваш кога ќе ги платиш за да ти држат говор.
Жална вест за почината жена од Вирџинија. Соочена со изборот да гласа или за Доналд Трамп или за Хилари Клинтон, таа решила да умре. Нека ѝ е лесна земја.
Два експерта сведочат во американскиот Конгрес за тема од медицинската регулатива. Иако комплетно независни еден од друг, доаѓаат со речиси идентични текстови. Како е можно тоа? Просто. Биле платени од исти лобисти.
Цели 107 часа Португалија имаше нула емисии на штетни гасови, откако целата побарувачка за електрична енергија во овие 4 и нешто дена ја покри од обновливи извори: ветер, сонце и вода.
Новата граница на климатски ужас со кој треба да живееме (барем до крај на месецов) е дека годинешниов април не само што беше најтоплиот април во последните 137 години, туку тој беше и 12-от последователен месец што го постави овој рекорд.