Берген забележува дека неговото пцуење почнува да се менува откако станува татко. Како што гледа дека се повеќе ги пази своите зборови, тој "се прашува на академско ниво" колку би било лошо ако стварно користи пцости пред неговото дете. Позадината на ова е и фактот дека според неврологијата, пцуењето е "пред-јазична, примална вештина." По анализа на постојните научни студии, тој заклучува дека постои разлика меѓу навреди (по основа на секс, раса...), кои според науката се штетни за децата, и обични зборови од четири букви (во нашиот јазик пет), кои не им штетат на малите.
Во колумната за Лос Анџелес Тајмс тој објаснува дека има многу теории зошто пцуењето околу деца е забрането. Причината најчесто е предизвикување психолошка штета, агресивност или потиснување на емоции. Меѓутоа Берген не наоѓа ниту една контролирана научна студија за пцуење пред деца (веројатно дека не е етички да се ризикува трајно оштетување на деца во име на науката).
Неговиот став го потврдува една голема опсервациска студија според која децата на возраст од 1 до 12 години кажуваат илјадници табу зборови, меѓутоа без штетни ефекти.
"Во ниту една ситуација пцуењето не довело до физичко насилство. Напротив, табу зборовите најчесто биле користени во позитивни цели, на пример хумор, и најчесто не биле резултат на гнев," објаснува Берген.
Тој самиот признава дека и ова има свои граници, па дете кое пцуе како кочијаш може да предизвика "општествени реперкусии за него и за неговото семејство." Неговата главна порака е дека треба да се постигне баланс, односно да не се цензурира самиот себе пред детето, меѓутоа и да ја објасни пцовката што ја користи и како таа соодветно треба да се употреби.
"Дури и 2-годишно дете може да разбере дека пцовка може без последици да излета во муабет дома, меѓутоа може да предизвика негативна реакција ако ја кажеш на цел глас во супермаркет," заклучува Берген.