Ангажманот на Ван Бастен е дел од проектот на новиот претседател на ФИФА, Џани Инфантино, за "воведување на нова ера во фудбалот" нешто што Холанѓанецот крајно темелно го сфатил.
Иако првиот работен ден ќе му биде во октомври, Ван Бастен веќе даде неколку предлози за унапредување на фудбалот, како:
- Укинување на офсајд.
- Воведување на видео-судија.
- Воведување на зелен картон, по кој играчот се исклучува од игра на 10 минути.
- Времето потрошено на замена на играч да не се додава во дополнително време.
- Укинување на пеналот во случај на нерешен резултат, и негова замена со системот од хокеј.
- Продолжување на рокот за трансфер за уште еден месец.
- Ограничување на куп натпреварувањата на едно на една држава.