Народна кампања за судење на политичари што лажат

Британец во јули започна проект за собирање пари под работно име #BrexitJustice чија цел беа 100.000 фунти за финансирање на адвокатски тим кој ќе поднесе тужби против сите политичари кои во кампањата за одделување од ЕУ лажеа околу брегзит. Човекот собра 145.000 фунти.

Бол и адвокатскиот тим

Сега кога ги има парите, Маркус Бол, најави дека ќе бидат тужени политичари од двете страни, по основа на "измама, неправилно работење додека се на јавна функција, недолично влијание и веројатно, поттикнување на расна омраза."

Предлогот да ги тужи политичарите од двете страни, Бол им го презентира и на своите адвокати, кои му даваат цела поддршка објаснувајќи му дека тоа е многу подобар правец. На списокот за тужење освен Фараж и Џонсон, ќе се најде и поранешниот премиер Камерон.

Речиси 5.000 луѓе донирале пари за кампањата, а околу 10 од нив дале над 1.000 фунти.

Од адвокатската канцеларија што Бол ја ангажира, сметаат дека за водење вистински силен случај против Вестминстер, ќе требаат барем 2 милиона фунти.

Бол започнал и втора кампања за собирање 30.000 фунти за негова плата во следните неколку месеци. До сега има собрано околу 15.000.

3 октомври 2016 - 10:20