Епл и претходно има инвестирано во обновлива енергија, а амбициите на компанијата се во догледно време 100% да се снабдува со струја од обновливи извори. Во исто време Амазон објави изградба на нова фарма на ветерници во Западен Тексас со капацитет од 253 мегавати. Гугл инвестира во Иванпах системот за генерирање соларна енергија, сместен во пустината Мохаве со вкупен капацитет од 392 мегавати.
"За овие големи корпорации, струјата е еден од најголемите трошоци. Снабдувањето по ниска цена е стварно клучно за нив," објаснува аналитичарот со соларна енергија од ИХС технолоџи, Аш Шарма.
Прво им треба струја за напојување на сите сервери во нивните дата центри, па после им треба струја за ладење на сите овие сервери, и тоа така 24 часа во денот, без пауза. Гугл на пример има и дополнителна мотивација во нивниот план да го мапираат "соларниот потенцијал на планетата," заради што инсталира соларни панели на крововите во резиденцијалните области од кои собира потребни податоци за развивање и унапредување на системите за соларна енергија.
Паралелно со ИТ гигантите, и енергетските компании работат на проблемот, па минатиот месец јапонски и кинески конзорциум ја доби аукцијата за изградба на соларна фарма што ќе произведува струја по цена под 2,5 центи за киловат час, што е далеку поевтино отколку истата струја да биде произведена во САД од гас или јаглен.
Процената на Шарма е дека главниот напредок во соларната енергија се должи на бумот во производство на соларни панели. Ова комплетно ги измени постојните мерки, па ако пред неколку години соларна фарма со капацитет од 50-мегавати се сметаше за голем, сега има неколку инсталации кои произведуваат и по неколку стотици мегавати. Тука вклучувајќи ја и соларната фарма во Индија со капацитет од 750 мегавати.
Она што разочарува е дека ведрината на сите овие убави бројки почнува да бледее кога ќе се земе предвид дека на соларна енергија отпаѓа само околу 1% од светските енергетски ресурси. Според аналитичарите, токму вака разочарувачки ниските бројки се и главна причина зошто големите и пребогати ИТ компании одлучуваат да влезат во производството на соларна енергија.