Проценката е дека оваа одлука на Мао е еден од главните столбови на еколошката и човечката катастрофа која во следните три години доведе до смрт на околу 45 милиони луѓе.
За истребувањето на врапците е задолжен самиот народ, а главен метод за ова е плашење на птиците со лупање на тапани, заради што тие не се осудуваат да слетаат и летаат се додека не умрат од изнемоштеност. Освен ова нивните гнезда се уништувани, а птиците се убивани и со огнено оружје. Крајниот резултат, на непоколебливо посветените Кинези е убиство на неколку стотини милиони врапци и дотерување на чекор од истребување.
Ова уште следната година дава сосема спротивни резултати, па загубата во житарки е далеку поголема заради појавата на скакулци и други бубачки кои сега ослободени од својот најголем и најброен душман, ги "масакрираат" полињата и магацините.
1958 до 1962 се смета за периодот на Големиот скок, програма која опфаќа голем број проекти чија главна задача е модернизација и подобрување на животот во Кина.