Во 1302 година Фиренца издава "жив или мртов" потерница по Данте Алигиери што го принудува поетот да го напушти својот град и никогаш повеќе да не се врати во него.
Данте бил обвинет за измама и изнудување, откако се заплеткал во спор меѓу две локални ривалски и аристократски семејства.
Остатокот од својот живот го минува главно во Верона и не му испаѓа лошо. Таму ги пишува своите највредни дела, меѓу кои и Божествената комедија во која ги ремети завојуваните фирентински фамилии.
Но, за овдешни прилики е фасцинантно кога институциите чувствуваат одговорност дури и за нивните толку далечни претставници.
Магистратот кој пред 700 години го осуди Данте да гори на клада се викал Канте Габриели. Новиве се извинуваат во негово име го амнестираат Данте од обвинувањата и притоа му ја даваат на поетот највисоката градска награда.
Случајот е институционално затворен, со хепиенд.
Ама, не лези враже. Денешните живи изданоци од лозата на Данте не го прифатија извинувањето а еден о нив одби да ја подигне наградата со образложение дека на Фиренца не ѝ е доволно жал што му направила на нивниот пра-пра-предок.
Данте умира во Равена во 1321 година.