Разно

Како српскиот гувернер на Илиноис го засака рокот

Се вика Род Благојевиќ, по потекло е од Србија и е поранешен гувернер на Илиноис. Сега има баталено политика и ја свири Jailhouse Rock, од она место од кое таа песна звучи најуверливо. Судот му дозволи да вежба 14 години.

Признај бе, пизда ти матер, признај!

Ја знаете онаа дилема, ако дрво падне во шума а никој не го чул тоа, дали дрвото направило звук? Слично на тоа, ако една држава прогласи независност а никој тоа не го признава, дали таа е независна? Текст за признавањето, прашање над кое и ние сè уште по малку стрепиме.

Колку е фактурата за Белата куќа?

Откако Мишел Обама ја затресе цела нација со говорот на првиот ден од Демократската конвенција, темата кој и како ја изградил Белата куќа стана едно од најважните споредни прашања. Па сега некој одлучи да пресмета колку пари им должи САД на робовите што ја изградиле претседателската резиденција.

Демонстранти го угасија олимпискиот оган во Рио

На самото влегување во градот, поворката која го носи олимпискиот факел беше попречена од штрајкот на професорите, при што демонстрантите успеале да го угасат огнот.

Што ако Русите го нападнат Балтикот додека Трамп е претседател?

Поранешен генерал на НАТО, заменик командант на Алијансата за Европа, на широко разработува сценарио налик Украина 2014, само што наместо некаде далеку се случува на западната граница на Русија, додека во исто време клучната членка е под власт на Трамп.

Како автомобилите ја создадоа полициската држава

Teшко да има поинтересно сопирање од првото кое е забележaно во историјата на САД, кога полицаецот Вилијам Вест го сопира ( и го апси!) Улис С. Грант, на улица број 13 во Вашингтон, 1872 година. Пазете ова: Вест е црнец а Грант е тогаш актуелниот претседател на САД.

Има ли соларна ќелија во авионот?

Комплетиран е првиот лет околу светот изведен комплетно со помош на сончева енергија. Убава приказна е тоа, а цреша на шлагот е името на пилотот: капетан Пикар.

Олимпиското село во Рио нема услови за живеење

Иако спортистите веќе требаше да почнат да се сметуваат во Олимпиското село, австралиската делегација одби да влезе во нивните простории заради проблеми со водовод и струја, факт кој градоначалникот на Рио крајно смирено го поднесе.

Логиката на политичката чистка

Ердоган уапси илјадници луѓе за да се задржи на власт, а не само што не мораше, туку можеше да тргне и во спротивен правец.

За успех преку ноќ потребни се 20 години

Колку време треба за да направиш успех преку ноќ? На Џон Ханке му требаа 20 години за да го создаде Покемон Го, апликацијата која со 10+ милиони симнувања во првата недела го надмина Твитер во активни дневни корисници.

Како сите излеговме битанги поради Меланија

Аплицирајќи ја проверената игнорантност "ако нешто ти е непознато, генерализирај" професорка по политички науки во текст за Вашингтон пост заклучува дека тоа што Меланија го копирала говорот на Мишел, е последица на нејзиното посткомунистичко образование, во кое препишувањето е често, па дури и охрабрено. И ова важи за цела Источна Европа.

Црно им било пишано

Потполно бизарен случај, човеков е терапевт, работи со аутистичен пациент, го упуцуваат затоа што некој пријавил ненормално однесување (на пациентот кој е аутистичен).

Олимпиецот и терористот, приказната за двајца белгиски браќа

Постариот брат во март годинава изврши бомбашки напад на аеродромот во Брисел, во кој загинаа 32 цивили а 300 беа повредени. Помалиот како репрезентативец на Белгија се квалификуваше за Олимпијадата во Рио.

И шпионите се деца

Десетици само што дипломирани студенти на академијата на ФСБ (екс-КГБ) може да се поздрават со дискретна кариера, откако одлучија дипломирањето да го прослават снимајќи спот и позирајќи на фотографии за алкохол. И сето тоа природно да го објават на Јутјуб.

Историја на воените удари во Турција

Турската војска себеси гордо се гледа како ангел чувар на турската демократија, во секуларниот дух на основачот на модерната турска држава. Од 1960-та година до денес таа неколку пати направи рестарт на државата, секогаш кога нејзини генерали ќе оценеа дека е потребно ново баждарење на политичкиoт курс во однос на нивната ѕвезда Северница наречена Кемал Ататурк. Синкир денес првпат им е.

За една година цела Македонија во Германија

Минатата година во Германија влегле повеќе имигранти од кога и да е до сега, покажуваат официјалните бројки објавени во четвртокот. Рекордот што го поставува 2015 е 2,14 милиони новодојденци.

Список на навреди од Борис Џонсон до светските лидери

На хартија поранешниот градоначалник на Лондон е еден од најкосмополитиските ликови во светската политика: роден е како американски граѓанин, прадедо му е Турчин, и е ветеран новинар од континентална Европа. Со различно ниво на течност зборува француски, италијански, германски и шпански. Во пракса ова и не се преточи во некое посебно космополитско однесување.

Последниот здив на Англија како империја

Од Елизабета Прва до Елизабета Втора, Англија беше империја, веќе не е, порачува британскиот писател Бен Џуда во текстот за Њујорк Тајмс.

Италијански град се затвора затоа што никој не се појавувал на работа

Градското собрание на Боскотреказе, кое одговара за популација од 11.000 луѓе, ќе мора да затвори затоа што остана без персонал откако неговите вработени беа уапсени за бегање од работа.

Што да се прави со глупите

Денешните општества сè повеќе ја поистоветуваат интелигенцијата со вредноста на еден човек. Елитата заборава дека 50% од населението се потпросечно интелигентни.

Крајот на револуцијата

Во вторникот Берни Сандерс се појави заедно со својата противничка од последнава година, Хилари Клинтон, и официјално ја поддржа за претседателски кандидат на Демократската партија. Според Атлантик поддршката е доказ дека ни Сандерс повеќе не може да ја игнорира реалноста дека трката е готова, а тоj загубил.

Подемот на Тереза Меј и падот на британската политика

Приказната за тоа како Тереза Меј, министерката за внатрешни работи на Британија, стана најверојатниот кандидат за Премиерка е приказна за траги-фарсично, политичко-комично самоуништување, пишува Њујоркер.

Америка, пролетерска

Младите Американци имаат натпросечна сколност кон лево-либерални ставови, е заклучокот на истражувањето на Харвард според кое Американците родени меѓу 1980 и 2000 се првата генерација во поновата историја на САД која мнозински не го поддржува капитализмот.

Сè што треба да знаете за следната премиерка на Британија, Тереза Меј

Откако фаворитката на Конзервативците Андреа Лeдсом се откажа од трката за фотељата на премиерот Дејвид Камерон, британската министерка за внатрешни работи Тереза Меј е веројатниот победник и следен премиер на Британија.