Кратка приказна за социјалниот случај Конор Мекгрегор

Во 2006 на 17 години, Конор Мекгрегор се вработува како чирак водоводџија. Во 2007 ја има првата аматерска ММА борба. Во 2013 пред првата борба за УФЦ тој го подига месечниот чек од социјално.

Во март 2008 Мекгрегор ја има својата прва професионална ММА борба, во која победува со нокаут. Истата оваа година тој запознава неговата девојка Ди Девлин, за која во повеќе наврати повторува дека била клучната личност во најтешките моменти во животот. Таа го тера да продолжи со вежбање и натпревари кога има најмалку желба и самодоверба.

Тоа што го покажува во борбите Мекгрегор не успева да го претвори во пари. Во една од случките кои се прераскажуваат, во 2012 тој не може да си дозволи да плати 250 долари за песна за влегување во ринг.

Пресвртот за Мекгрегор се случува во февруари 2013 кога  претседателот на УФЦ, Дана Вајт, доаѓа во Даблин да прими награда од Тринити колеџот. Меѓу другото, неколкумина од домаќините му се обраќаат со барање тој да го потпише Мекгрегор за борач во УФЦ. По состанокот со Мекгрегор, Вајт разговара со ЦЕО-то на УФЦ, Лоренцо Фертита, и по неколку дена му нуди договор на Ирецот.

Во април 2013, пред првата борба за УФЦ, Мекгрегор го подигнува својот месечен чек од социјално на износ од 235 долари.

На 12 ноември 2016 тој победи во борбата со Алварез. Вклучително и оваа борба се очекува дека Мекгрегор  ќе ја заврши годинава со вкупни приходи од над 40 милиони долари.

Од неговиот "спаринг" со Хафтор:

 

21 ноември 2016 - 11:56