"Глобалистите ја задушија американската работничка класа и создадоа средна класа во Азија. Сега проблемот е како ние Америкацните да не бидеме преебани до крај. Ако земеме 60 проценти од белците, 40% од црните и латино гласови, ќе владееме 50 години," најавуваше Стив Бенон уште летоска, кога беше поставен за извршен менаџер на кампањата на Трамп.
Во овие црни денови за демократите, тој е нивната најцрна дупка. Зад себе ја има контроверзната медиумска империја Брајтберт Њуз која е чудна мешавина од политички погледи на новата американска десница и треш наслови од типот "Анти-беби пилулите ги прават жените неатрактивни и луди."
Истовремено, тоа е човекот кој меѓу првите ја има насетено длабоката поделба на американското општество и разочараноста од естаблишментот. Хилари ги изгуби конекциите кои нејзиниот сопруг ги имаше со работничката класа без факултетско образование ("Така се добиваат избори", вели Бенон) а републиканците ги изневерија работничките маси создадени во ерата на Реган.
Пред Брајтберт има работено како посредник во холивудски договори. Еден од клиентите му била прочуената Вестингхауз електрик (за нејзината улога во битките на струите види овде) која стоела зад продукцијата на мега-популарната серија Сајнфелд. Империјата на Тед Тарнер во 90-тите наумила да ја откупи серијата но по сè изгледа не била спремна да го даде бараниот кеш.
Бенон сепак инсистирал Вестингхауз да го прифати договорот. Му рекле дека ако толку верува во тоа, да стави пари наместо да зборува и да го замени својата посредничка маржа за акции.
Прифатил и станал акционер во проектот. Не се знае колкав е неговиот удел, но се знае дека оттогаш, репризите на Сајнфeлд имаат заработено 3,1 милијарда долари.
Инаку, доста вергланата приказна за Трамп како "првиот расист во Белата куќа" или "првиот претстедател избран од Кју Клукс Клан", едноставно не се точни.
"Тој не е помалку расист ни од Мит Ромни ни од МекКејн, ниту пак од кој било бел Американец на 70 години", пишува Ендрју Болт кој наведува дека Трамп токму кај малцинствата поминал подобро од претходните "нормални" републикански кандидати.
Единствената групација во која нема направено барем 5% напредок од Ромни и МеккКејн не се ни црнците, ни латиносите ни азијатите туку - белците.