Фаиз Сидику, кој има студирано модерна историја, во својата тужба обвинува дека "досадното" и "застрашувачки лошото" предавање во школото го спречило да стекне прво-класна диплома и успешна кариера како адвокат.
Сумата што ја бара, 38-годишниот Садику тврди дека би ја заработил до сега како "скап адвокат" доколку Оксфорд не би ги "осакатил неговите амбиции" со тоа што му дале "второ-класна диплома". Конкретно станува збор за еден предмет од неговото образование, Индиска империјална историја, што му го има намалено вкупниот просек на Садику. Според него за ова е виновен невнимателниот професор што го предавал предметот и неговото претерано строго оценување.
Според адвокатите на Садику има уште дузина други поранешни студенти кои на овој предмет имаат добиено нестандардно ниски оценки, а нивниот клиент моментално пати од несоница и депресија како резултат на ова искуство.
Ставот на Оксфорд е дека тврдењата за лошата настава на поранешниот студент (дипломиран 2000-та) се неосновани.