Прославата стана масовна откако видео поканата за роденденот била објавена на Фејсбук за сите, а не само за пријателите на девојката. Оригиналниот план на таткото на девојчето бил да се поканат само комшиите и пријателите.
Откако поканата стана вирална и 1,2 милиона луѓе рекоа дека ќе присуствуваат, одговорот на таткото беше - никого нема да вратиме.
Забавата е за 15-ти роденден, а освен свирки на локални бендови ќе се одржи и трка со коњи чиј победник ќе добие награда од 490 долари (10.000 пезоси).
Традиционално во Мексико 15-ти роденден е еден од поголемите настани за девојките, што најчесто е проследено со соодветно скапи и богати прослави. Она што не е јасно е зошто баш ова видео е споделено повеќе од 800.000 пати.
Бидејќи дури да се појават и 10% од луѓето што кликнале дека ќе присуствуваат на роденденот, тоа ќе биде над 100.000 луѓе, мексиканската полиција распореди дополнителни сили околу селото и патиштата што водат до него за регулирање на сообраќајот и толпата.