Цела Европа на струја од Африка?

Стотици заоблени огледала, од кое секое со големина на автобус, се наредени во редови што покриваат 1,4 милиони метри квадратни од мароканската пустина, што (во подеднакво незамислив приказ) е колку 200 фудбалски стадиони. Идејата е Мароко еден ден од комплексот да пушти продолжен кабел за струја до Европа.

Комплексот се наоѓа на 10 километри од градот Варзазат, бајковито наречен "Порта на пустината", кој има 330 сончеви денови во годината.

Колекторите собраната енергија ја префрлаат во загревање на синтетичко масло кое тече низ мрежата цевки со кои се поврзани огледалата. Температурата на маслото откако ќе достигне 350 степени Целзиусови, се користи за производство на пареа под висок притисок која придвижува турбина на генератор.

Електраната продолжува да генерира енергија и по зајдисонце, кога побарувачката за струја има пик. Ова им успева затоа што дел од енергијата се зачувува во резервоари, кои можат да го одржуваат производството уште три часа по зајдување на сонцето.

Проектот комплетно го препородува регионот, вработувајќи околу 2.000 луѓе, започнувајќи изградба на патишта за пристап до фармата со кои се поврзуваат и околните села, и поврзување на 33 села на водоводот изграден за потребите на соларната фарма. Гледано "опозициски" кога ќе биде готов проектот, од овие 2000 тој ќе вработува само 100 луѓе, а водата која се користи за неговите потреби (чистење и ладење) се влече од локалната брана која и онака има проблеми со резервите во полу-пустинскиот регион.

60% од парите се проектот се од ЕУ, а Нур 1, првата фаза од мароканската соларна фарма, веќе ги надминува очекувањата во однос на произведена енергија. До 2020 Мароко планира 14% од својата електрична енергија да ја генерира од обновливи извори, сонце + ветер и вода, а за 2030 лимитот е 52%. Ваквите амбиции на Мароко се далеку повисоки од оние на Американците, каде Обама го одреди таргетот на 20% до 2030.

Освен оваа фарма, во 2017 во Мароко ќе започне изградбата на две нови локации, по што ќе следува поставувањето на уште две соларни фарми. Во исто време Јужна Африка една од топ 10-те најголеми производители на соларна енергија, слично масовни фарми се планирани во Гана и Уганда.

10 декември 2016 - 15:54