- Борба против бактерии отпорни на вируси
Опасноста е нешто што се нарекува апокалипса на антибиотикот. Подемот на бактерии отпорни на антибиотици станува сериозен проблем. Хедер Хендриксон од Масеј Универзитетот предлага "контра-интуитивно" решение на проблемот: заразување на луѓето со вируси. Ова, теоретски, би дозволило собирање на бактериофази кои ја напаѓаат бактеријата, како решение за ситуации во кои антибиотикот не успеал.
- Супер-авиони што летаат на големи височини
Зошто она што Елон Маск сака да го постигне со ракети за повеќе употреби, да не се направи со авион. Разликата е што тоа би бил хиперсоничен авион кој би бил конкуренција на ракетите во транспортот на луѓе и опрема во блиската орбита на Земјата.
- Градски фабрики за рециклирање е-отпад
Тргнувајќи од тоа дека електронскиот отпад е потенцијален извор на богатство а го има многу и тоа само ќе продолжи да расте, Вина Сахаџвала, предлага изградби на мини-фабрики во секој град, кои ќе ги вадат скапоцените метали од отпадот што ќе го преработуваат.
- Апликации што се грижат за ментално здравје
Хелена Кристенсен со колегите од Блек дог институтот во Сиднеј веќе работи на колекција смартфон апликации и други технологии кои би помогнале во следење, поддршка па и терапија на луѓето кои страдаат од депресија и други состојби, 24 часа на ден. Ваквиот комплет би требало да открива "скриени сигнали" во однесувањето кои инаку не се видливи.
- Алги за јадење
Она што одамна е дел од азиската кујна, истражувачите сакаат да го претворат во "клучна храна на иднината", која би била главен извор на хранливи материи како омега-3, а во исто време би помагала и во намалување на загадувањето со јаглерод диоксид.
- Паметен сообраќај преку Убер
Луѓето од Убер веќе ги користат податоците собрани од апликациите на нивните корисници за подобрување на безбедноста во сообраќајот, идентификување на проблематични точки и раскрсници, и ризично возење.
- Супер сунѓер
Намената му е апсорбирање на јаглерод диоксидот од фосилните горива. “Сунѓерите” веќе се во употреба и се покажаа како ефикасни. Сега Австралијците работат на "втора генерација" која би требало да ја револуционизира целата индустрија за чистење на воздухот.
Останатите тука