Ако овие мапи од еден руски весник навистина ги отсликуваат гео-политичките претензии на Путин како што сугерираат западни медиуми, тогаш за одешните русофили имаме добра и лоша вест. Во руските планови Македонија ќе опстои! Нешто помала.
Иако станува збор за најпотпишувана петиција до сега, британската влада одлучи да ја одбие петицијата објаснувајќи дека 33 милиони луѓе само што кажале што сакаат, "и нивната одлука мора да се почитува."
Соединетите Американски Држави се сè помалку достојни за своето име. Соединетоста се повеќе оди под тепих, а јазот меѓу белците и црнците е сè поширок, пишува германскиот печат по нападите во Далас.
Текстов е напишан во 1973, но темата за којашто зборува е безвременска - човечката глупост, која не само што раѓа повеќе глупост, туку и злоба, индиферентност, суета и лага. Да се ослободиме од неа генерално подразбира да не бидеме меѓу луѓе.
Ако кандидат еднаш каже нешто и се откаже, тогаш треба да му се даде шанса. Ако нешто упорно го повторува, дури и откако е критикуван за тоа, тогаш таа изјава веројатно преставува став што кажува нешто важно за човекот. Е така е и со Трамп, порачува Пол Валдман во колумната за Вик.
Парадоксот е дека колку подолго ИСИС ги држи под контрола териториите во Сирија и Ирак, толку повеќе неговата мрежа ќе може да извршува терористички напади низ светот, а и покрај тоа што не е тежок за поразување, тој успева да ја одржи контролата затоа што никој (вклучително САД и сојузниците) не го третира ИСИС како примарен непријател.
По нападот во Багдад во кој загинаа над 250 луѓе беше хакната веб-страната на ирачкото министерство за внатрешни работи и објавена слика од крваво бебе и детектор за бомби со обележјата на ИСИС. Детекторот, Атлантик го опишува како "бескорисно парче пластика кое стана симбол на неуспехот на владата да ги заштити цивилите."
Ако си против целата приказна со рециклирањето, ти си еколошки неодговорен и генерално морално инфериорен (читај: лош) човек. За таков те прогласуваат оние кои на сите ѕвона промовираат рециклирање на сè и сешто, од метал и стакло, до храна. Но дали сето тоа е само непотребен притисок, кој нема никаква економска оправданост?
Чеченскиот претседател најави дека ќе избере помошник преку телевизиско реално шоу. Ќе имало свадба, 24 часовни задачи, ќе се снима по планини, само за да се одбере "најдобриот помошник за најдобриот претседател".
Експертите тврдат дека во најголем дел политиките што ги предлага Трамп се погрешни, јавноста му дава мнозинска поддршка на Трамп. Експертите тврдат дека напуштањето на ЕУ ќе биде катастрофално, ама гласачите сепак се одлучија на брегзит. Експертите предупредуваат од опасноста од климатските промени, ама сепак голем број луѓе веруваат дека климатските промени не се вистински.
Аналитичарите и медиумите до сега прописно ги истранжираа резултатите од британскиот референдум по сите можни демографски линии. Останува уште да видиме како гласаа Џедаите. Не се многу, ама, со нив е Силата.
Одредени делови на главниот град на Кина годишно тонат по 11 сантиметри во земја, покажува студија во која локални експерти анализираат сателитски слики од градот.
Вашингтон пост на своите американски читатели им објаснува седум причини поради кои на некои Европјани им се дига коса на глава кога ќе слушнат Европска Унија.
Постарите британски гласачи на Брегзит ја искористија својата клучна биолошка предност над младите: какво и срање да направат, помалку време ќе мора да живеат со тоа.
Околу 500.000 сопственици на дизел Фолксвагени ќе добијат меѓу 1.000 и 7.000 долари да ја средат машината која досега лажно им покажуваше дека е нежна кон околината.
Како што изминативе години дебатата околу мигрантите успева да проникне во секоја можна тема што ќе се најде на дневен ред во Британија (а и општо во Европа), така се намалува и трпението на "публиката" околу информациите што се шират како факти за мигрантите.
Наместо сериозно да ги разгледаат опасностите од Брегзит, многумина во ЕУ се однесуваат како членови на богато семејство кое е на добар пат да изгуби некој богат роднина, ментално делејќи го нивното наследство пред тестаментот воопшто да биде прочитан, пишува Фабрцио Коричели, професорот по економија на Париската школа за економија.
Пушката, која во основа е армискиот М16 без опција за автоматско пукање (иако и тоа може да се модификува), беше изборот на убијците од Сенди Хук до Аурора, Сан Бернардино и пред некој ден Орландо. Оружјето најлегално може да го купи кој било Американец во која било продавница за оружје.
Кога во јануари 1793, Луј XVI кратко пред да му ја отсечат главата порачува "умирам невин за сите наводни криминали што ми ги припишуваат," тој нема поим дека една од основите на неговата несреќа (меѓу другото) е нешто што се нарекува Ел Нињо.
Американски сенатор во обид да го присили Сенатот да дебатира за контрола на оружјето одржа 15-часовен говор. До крајот на говорот, од 11 часот во среда, до 2 часот наутро во четврток, во Сенатот Републиканците се согласија да се дебатира за контрола на оружјето, а во САД 48 лица беа застрелани со огнено оружје.
ИААФ одлучи дека руските атлетичари не ги исполниле критериумите за укинување на суспензијата која следуваше по скандалот со масовното допингување со мелдониум, заради што забраната за натпреварување ќе им важи и за време на ЛОИ 2016.
Бидејќи ако им се верува на анкетите пост-ЕУ Британија станува се поверојатна, Гардијан ги спрема своите читатели за земја "без полски водоинсталатери, без патување до Кале по алкохол и без потреба да учат странски јазик".