Иан Бремер е американски политички теоретичар (кого Економист го нарекува "гуру во подем"), кој објаснува дека по неколку генерации во кои "американизацијата и глобализацијата во основа беа една иста работа," денес е завршена ерата во која една држава или алијанса може да се смета за глобален лидер, светски поредок што тој го нарекува Г-нула.
Според Бремер дојдени сме во ситуација на свет во кој никој не посакува да биде лидер затоа што американскиот народ чувствува дека ветувањата за ќарот од глобализацијата не се остварија, а во исто време се случува енергетска револуција заради која земјата се помалку зависи од ресурсите на Блискиот Исток и ОПЕК. Во меѓувреме во Европа ништо не е стабилно и секој со секого има некаков проблем, Кина сака да биде лидер ама само во економијата, Русите би да преземат лидерство ама по сопствени правила и не баш во соработка со Американците.
"И затоа сме тука каде што сме," изјавува Бремер.
Па продолжува: