Бунтот на размазените

Откако компанијата New Balance го поздрави доаѓањето на Трамп, сопственици на нивни патики почнале театрално да ги горат и по интернет да ги шират таквите револуционерни фотографии. Некои модели на New Balance чинат и преку 500 долари.

На прашање на новинар на Вол Стрит журнал како ја коментираат победата на Трамп во врска со контроверзниот Транс-пацифички трговски договор (TPP), од компанијата New Balance изјавиле дека е тоа "потег во вистинска насока" со оглед на тоа што актуелниот претседател Обама немал многу разбирање за нивните ставови околу овој договор.

[tweet:https://twitter.com/germanotes/status/796479327911247876]

Инаку, против ТПП беа и Хилари и Трамп а против е и самата компанија но оценката за "вистинската насока" ги разгори страстите па сопственици на NB решија да го покажат несогласувањето со палење на не баш евтините патики.

[tweet:https://twitter.com/kiemzi/status/796548076336881664]

За да ги ублажи ваквите реакции, компанијата мораше да сложи едно срцепарателно соопштение со моментално најкористените повици за заедништво, надеж, обединетост и инклузија какви што деновиве пуштија и  Епл и Амазон и Фејсбук , главно за да ги оладат политички усвитените глави на вработените и овие што побрзо да се фокусираат на работата. 

[tweet:https://twitter.com/newbalance/status/796776290699399168]

11 ноември 2016 - 11:58