Осигурување за лузери

Италијанец во изминатите 12 месеци купува 255 грепки од лотарија. Не му се паѓа на ниту една од овие 255 грепки. Крајно решение, оди на суд за да ја тужи лотаријата. Затоа што е Италија, ја добива лотаријата на суд.

Судот во близина на Салерно, го признава правото на човекот да му биде компензирано за парите што ги изгубил на грепки, за кои вкупно платил околу 3.000 евра. Судската одлука е дека на тикетите им фалело предупредување дека коцкањето создава зависност и кои се реалните шанси да ти се падне нешто.

"Дали на овој маж стварно му требало италијанската држава да посочи како да е мало дете во градинка, и да го потсети дека коцкањето е форма на легална измама во која добивката е поретка отколку интелигентна забелешка на Селебрити биг брадер?

Единственото нешто што би требало да има на грепките е предупредување дека шансите за добивка е значително помали отколку твоите шанси да најдеш судија кој ќе се согласи со тебе дека те излажале.

Ако секој е третиран како овој маж во Салерно, тогаш ќе има бран на слични поплаки во Италија. Одобрувањето на вакви поплаки ќе создаде таква дупка во јавните финансии што владата ќе биде присилена да се сврти кон група на луѓе кои никогаш не победуваат - ретките италијански граѓани кои ги плаќаат своите даноци," пишува Масимо Грамелини во Ла Стампа.

7 ноември 2016 - 12:53