Во 1991 Европската комисија порачува "ова ги комбинира географските, историските и културолошките елементи од кои сите придонесуваат за европскиот идентитет. Споделеното искуство на блискост, идеи, вредности и историска интеракција не може да биде собрано во проста формула, и е предмет на ревидирање од секоја следна генерација. Комисијата верува дека не е ниту можно ниту поволно сега да се поставуваат границите на Европската Унија, чии контури ќе се оформуваат во годините што претстојат."
Францускиот географ и дипломат, Мишел Фуше, објаснува дека ваквата намернa неодреденост на концептот за географска Европа, станува проблем кога Унијата се соочува со бегалци, конфликт во Украина и терористички напади.
Тука е и проблемот со кандидатите за ЕУ кои чекаат на ред за влез во Унијата, "а како тие би можеле да се чувствуваат како дел од политичката заедница ако нејзината територија не е фиксна? Сликите на евро банкнотите не содржат никакви симболи од заеднички идеали."
Според Фуше борбата во Унијата е меѓу два спротивставени концепти, првиот е дека проширувањето е пречка кон поголема интеграција на Унијата, а вториот е дека неограниченото проширување преставува заштита на Унијата. Се до брегзит, преовладуваше вториот концепт.
Објаснувајќи ги меѓусебните врски и стратегијата "поддржи го комшијата свој за ти да не бидеш границата на ЕУ", Фуше објаснува дека Шведска ги поддржала Балтичките држави, Полска и дава поддршка на Украина, Романија на Молдавија и Грузија, Грција на Србија.
Неговиот утешителен заклучок е дека на крај сите на географската територија на Европа ќе влезат во ЕУ, сомнително е само што ќе се случува со Турција и земјите од јужниот Кавказ (Ерменија, Азербејџан и Грузија).
"Европскиот проект повторно треба да биде размислен, да се согласат околу тоа што земјите членки можат да придонесат на релевантно ниво: континентот, неговите јужни и источни соседи, и поширокиот свет. Не се работи за исклучување на одредени земји, туку да си во можност да спроведуваш надворешна политика која ќе промовира заеднички вредности и интереси: стратешка автономија на безбедноста во трговските текови и критични мрежи и инфраструктура; политички и дипломатски менаџмент на кризите, стратешки дијалог со новиот свет; стратегија за функционирање како трета партија со цел избегнување на создавање на американско-кинески дуопол," пишува Фуше.