Проблемот на властите не им е само со странците кои или природно одбиваат, или едноставно граматиката им дозволила да имаат нормално име за земјата и нејзиниот народ (Чешка и Чеси, наспроти Czech Republic и Czech people), туку и сопствената популација од над 10 милиони луѓе кои нејќат да чујат за Чехија.
Нивните забелешки не се дека не треба ново име, туку дека новото лошо звучи или во најдобар случај потсетува на некој дијалект.
Дури и самите власти не се доследни во ребрендирањето, па продолжуваат да го користат името Чешка Република во официјалната кореспонденција и на веб-страните на англиски јазик, вклучувајќи го и сајтот на претседателот Милош Земан.
Кога се разви кампањата околу промената на името, како аргументи про беа наведени тоа дека најголемиот дел од земјите во светот во своето име не го содржат својот уставен статус, и дека полното име Чешка Република е премногу долго за да привлече странски инвестиции.
Британците минатиот месец ја прифатија Чехија како официјално име на земјата, откако тоа беше воведено во базата на Обединетите нации, а САД го додадоа Чехија како скратена верзија која ќе функционира паралелно со подолгата верзија.