Прво да видиме зошто на многу луѓе им е неподнослива. Еве како таа се смее, вештачки и неприродно долго, за да ја фатат сите камери:
Уф! Кутар Бил Клинтон.
Психолози кои се бават со говорот на телото сериозно си го поставуваат прашањето дали баш овој детал од нејзината претседателска понуда може фатално да ја чини во финалниот исход на изборите.
Хилари Клинтон има две дифолтни фаци. Кога е сериозна, тој израз Американците го викаат "resting bith face", што да речеме, баш фино и секси ѝ стои на Лена како Серсеи:
Но, кај Хилари тоа се доживува како арогантност која иритира. Во последно време, веројатно по препорака на советниците, Хилари се почесто се труди да го монтира таканаречениот "grandmother smile", но погоре видовте како тоа лошо завршува.
"Ниеден од нејзините појавни атрибути не може да ѝ парира на детската спонтаност на Доналд Трамп, особено она негово инфантилно мрштење", вели за Њузвик, психологот Елизабет Кунке.
Како политичар од кариера, таа е воздржана, со минимум гестови и гестикулации и тоа често оддава впечаток како позерство, неискреност и извештаченост. Од друга страна Трамп е комплетен опозит: неговиот говор на телото и фацијалните изрази се како кај дете. Тропка со нозете, мавта со рацете, се мршти, негодува....и тоа кај него оди сосема природно и немонтирано.
Кунке вели дека промената на фацата за Хилари е невозможна задача бидејќи се работи за родови перцепции и стереотипи. Имено, ниеден маж не може да биде обвинет за resting bitch face бидејќи таквиот израз кај нив се толкува како авторитетност.
Ок, ниеден освен овој: