Човек од калифорниското градче Оушнсајд ја доби довербата на своите гласачи за реизбор во општинската власт во Сан Диего.
Сигурни сме дека прилично ладно ја има дочекано оваа радосна вест затоа што човечкото тело се лади во минути а тој е починат уште на 23 септември.
Сепак, тоа не му пречело на Гери - бог да го прости - Ернст и неговите политички поддржувачи со 6 поени разлика да го победи предизвикувачот, второпласираната Надин Скот која поради оваа процедурална ситница, на крајот сепак ќе влезе во локалната власт (можете да замислите со каква самодоверба ќе влезе кога изгубила од мртов човек).
Надлежните служби се оправдаа дека немале доволно време да го ажурираат списокот.
А можно е да е и баг во системот (да се провери кај нас!) па кандидатите да треба да наведат само датум на раѓање а не и на умирање.