30-годишниот Мајкл Мансил и 22-годишниот Џејмс Драјден се уапсени со сериозен арсенал оружје со кој планирале да ја дигнат во воздух целата инсталација на ХААРП (High Frequency Active Auroral Research Program) на Алјаска.
На полицијата ѝ рекле дека Господ директно ги регрутирал и им ја доделил задачата да го уништат ХААРП-от „за да се ослободат човечките души што се заробени во мрежата“.
Патем, ова се божјите специјалци:
Планот бил прво да се докопаат до некој научник што има пас во објектот и потоа да ја извршат мисијата, за што имале собрано арсенал доволен за една помала армија.
ХААРП е програма за истражување на јоносферата, делот од Земјината атмосфера, која е важна за комуникациските и навигациските системи. Лани го промени сопственикот, па од американската авијација премина во рацете на Универзитетот Фербанкс од Алјаска.
Истовремено, тоа е омилената ветерница на модерните Дон Кихоти што веруваат во заговори и се уверени дека злиот ХААРП служи за контрола на времето, човечките однесувања и слично. За да ги спласне ваквите муабети, Универзитетот годинава почна да организира и т.н. отворени денови во кои граѓани слободно може да влезат и да разгледаат за што се работи.
Инаку, за време на подготовките на операцијата, Манцил и Драјден по малку се занимавале и со продажба на наркотици.