Земјата е во "слободна асоцијација" со Нов Зеланд, кој годишно и дава помош од 14 милиони долари, и ги покрива речиси сите дипломатски и одбранбени потреби на островот. Жителите на Ниуе се со државјанство на Нов Зеланд.
По отплаќањето на долгот премиерот на земјата, Токе Талаги, најави дека никогаш повеќе нема да се задолжува, посебно не кај големите сили како Кина, без разлика колку нивните понуди се примамливи. Планот на Талаги е да живеат "во рамки на своите можности, со помош на природните ресурси на земјата како туризам, банани и извоз на вода."
Ветувањето за незадолжување Талаги планира да го одржи со зголемување на пензиите за речиси 10%, од 250 на 272 долари месечно, а платите на јавните службеници во следните 3 до 5 години да стигнат на 80% од платите на нивните колеги на Нов Зеланд.
Логиката е дека ова ќе спречи заминување на жителите на островот на печалба во странство, што пак ќе има позитивно влијание на локалната економија. Тие што се уште се на островот се во паника дека со сегашната стапка на иселување, нема да останат доволно луѓе за земјата да може нормално да функционира.
И покрај ваквите буџетски одлуки Талаги најави дека ќе ја задржи праксата на 4-дневна работна недела, бидејќи тоа имало позитивно влијание на заедницата.