Ниуе е една од оние пинцурски острови држави во Пацификот со вкупна површина од 260 километри квадратни и популација помала од 2.000 луѓе. Неодамна владата на земјата и овие неполни 2.000 жители успеаа да го отплатат својот долг кон странство од 4 милиони долари, по што ветија дека никогаш повеќе нема да се задолжуваат.