Божјите заповеди се приватизираа

Најстариот познат камен запис на 10-те божји заповеди отиде на аукција и тоа доволно говори за светот во кој живееме. Почнале од 300.000, купено за 850.000 долари. Господ засега се нема јавено за авторски права, а и да се јави, најверојатно ќе изгуби по судовите.

Најстариот запис на заповедите датира од 300 -380 година од нашата ера и е пронајден во 1913-та година за време на ископувања на еден археолошки локалитет во Јавнех, Израел.

Камениот фајл тежи 60-тина килограми и содржи со длето испишани 20 реда самарјански текст. Написот во средината е сериозно избледен, најверојатно затоа што плочата некое време била ставена на пешачка рута.

Идентитетот на купувачот е непознат но според пропозициите на наддавањето, сопственикот има обрска да го изложува на јавно место.

 

17 ноември 2016 - 13:51