Разно

Монсанто ќе ти плати, кога ќе биде доцна

Пред некоја година, сопственикот на Монсанто, концернот Баер, понуди многу милијарди долари за топтан да ги затвори сите тужби поврзани со нивниот бестселер пестицид, Раундап, кој го содржи озлогласениот глифосат. Американскиот Врховен суд го одби таквиот предлог па сега Монсанто го делкаат еден по еден оштетен. Сите со ракови.  

Залужниј ја прогласи војната за целосно заглавена

За пет месеци контраофанзива Украина успеа да напредува само 17 километри. Русија 10 месеци се бореше околу Бахмут за да освои град „шест на шест километри“. Првиот човек на украинската војска призна дека војната е во ќорсокак.

Жена судски напудила од дома мрцини што ѝ се синови

Процентот на возрасни Италијанци кои сè уште живеат со своите родители традиционално е висок, но една мајка била принудена да преземе драстични мерки откако нејзините два сина - говеда со по 40 и кусур години - упорно одбивале да ги напуштат удопствата на семејниот дом. На нејзина среќа, се погодила судијка.

Феудализам на дигитален начин

Се тешевме дека можеби сме параноични што нè фаќа уплав од дигиталната централизација на глобално ниво која во пандемијата почна навидум невино, со дигитални вакцинални пасоши. Следуваше идејата за дигитални валути издавани од централни банки, па идејата дигиталната лична карта да се поврзе со индивидуалниот „јаглероден отпечаток.“ И тоа не е сè...

Сфаќа ли ЕУ каде ја утна со имиграцијата?

Во што е разликата меѓу класичните либерали и модерните левичари во поглед на имиграцијата, еден од најзезнатите проблеми на Европа денес? Едните поддржуваат работна миграција, другите ја штитат социјалната миграција. Тој што отишол во странство за да работи, нема да има ни енергија ни време ни потреба да се бави со криминал. Оние другите, ќе си најдат други „занимации.“

Арапите во Белата куќа се чувствуваат запоставени

Вработени во Белата куќа и во администрацијата со арапско потекло, чувствуваат дека не наидуваат ни на приближно онаква емпатија каква што се покажуваше за колегите Евреи, кога Хамас го нападна Израел. Замислете да сте Палестинец вработен кај Бајден и гледате како шефот оди во Израел, за да им даде оружје со кое ќе бидат убивани твоите.

Што се па сега „транс-лезбејки“?

Родовите шашми се толку успешни што веќе една третина Англичани не знаат дали, на пример, транс-жени се родени како мажи или како жени. Пазете што се транс-лезбејки: мажи кои се родени како мажи, ама се чувствуваат како жени и притоа сексуално ги привлекуваат исклучиво- жени. Ви текнува колку е тоа блесаво?  

Орвел за кукавичлукот на новинарите и интелектуалците

Џорџ Орвел почувствувал дека не властите и државата, туку новинарите, уредниците и интелектуалците стануваат главни цензори. Кај него има пасуси во кои само треба да се заменат тогашните теми „за кои не се зборува“ со денешни теми за кои „се знае како треба да се зборува“ и тие пасуси функционираат пасент, како денес напишани.

Кинезите дигаат ветерници за само еден ден

Кинеска државна компанија за производство на електрична енергија, на отворено море дигнале огромна ветерница од систем кој заштедува 500.000 тони јаглен. Им требале 30 работни часа за тоа, убедени се дека може да забрзаат и да бидат готови и за 26. 

Ни транссексуалци не сакаат да пливаат со транссексуалци

Светскиот куп во пливање воведе отворена категорија на 50 и 100 метри во сите стилови, формирана специјално за сите транссексуалци натпреварувачи кои по ново се исклучени од машките и женските категории. На првото првенство со отворена категорија има точно 0 пријавени за неа.

Префинето либерално шминкање на нацизмот

„Дали го имаме најлошиот едиторијал во историјата?“ вџашено прашува Мат Таиби за уредничкиот коментар на Политико со наслов: „Борбата против СССР не те прави автоматски нацист.“ Уредникот на Политико или дувал лепак или под цивилката со која доаѓа на работа носи СС униформа.

Јаглеродните кредити се обично ѓубре

Стана фенси да се инвестира во некои еко-проекти бидејќи со тоа демек се компензираше штетата од тековното испуштање гасови кои ја загреваат планетата. Со милијарди долари се тргуваше со таканаречени јаглеродни кредити кои даваа шанса за секој испуштен тон CO2 да се инвестира во нешто зелено. Биле анализирани главните 50 такви проекти. 78% испаднале џанк. 

Американските Латиноси економски ја стигнуваат Германија

Европските ведети како Франција и Велика Британија прават помалку пари отколку што прават Латиноамериканците во САД. Кога би се гледала американската латино економија во последната декада, тоа би била трета најбрзо растечка меѓу големите економии, заостанувајќи само зад Кинаи Индија.

Уште колку нацисти држи Канада како угледни граѓани?

Спикерот на канадскиот парламент кој го поздрави 98 годишниот нацист како украински и канадски херој поднесе оставка. Полска ќе бара екстрадиција а Џастин Трудо се утепа од извинување за скандалозните овации за Јарослав Хунка. Да зборел на времето со татко му, ќе знаеше дека тоа не е нешто необично за канадската политика.  

ЦИА била спремна да подмитува за да не слуша за Вухан

Централната разузнавачка агенција на САД, на шестмина истражувачи им понудила да им исплати фини пари да не мавтаат наоколу со нивните наоди дека коронавирусот најверојатно протекол од лабораторијата во Вухан. Ова се дозна од сведочења на свиркач во Конгресот кој е висок службеник на ЦИА.

Канадските родители не планираат да замолчат

Со години, Канаѓаните се бомбардирани со пропаганда дека „трансжените се жени“. Им се повторува дека секој што се спротивставува на екстремните и бесмислени идеи во училиштата мора да е хејтер со предрасуди, фанатик, па дури и екстремно десничарски екстремист. Излегува дека Канаѓаните не ја купуваат таа приказна.

Блумберг ќе му става крај на јагленот

Пред неколку години, богат човек или компанија ќе го покажуваа богатството со донирање библиотеки и сиропиталишта (меѓу две крстарења со јахти или приватни авиони). Денес е мода тоа да се прави не за луѓето или државата туку за климата и планетата. Исто, меѓу две крстарења со јахти или приватни авиони.

Случајот Расел Бренд и глобалниот тоталитаризам

Јутјуб и ТикТок го скинаа Расел Бренд само заради медиумски обинувања против него, а не е ни обвинет, не па осуден. Ај тие, ама кој курац има британски парламент да го притиска Канаѓанецот од Рамбл, нашиот Крис Павловски, дали и зошто Расел Бренд уште може да прави пари преку таа платформа?

Право на глас за бегалци?

Германската министерска за внатрешни работи, Ненси Фесер, сака драстично да го прошири правото на гласање во земјата и тоа во иднина да ги опфаќа и бегалците кои повеќе од шест месеци живеат во Германија.

Му дојде редот и на Расел Бренд

Неколку британски медиуми го обвинија популарниот коментатор и актер за низа сексуални дела и агресии од времето на неговата најголема слава. Со оглед на тоа што Расел Бренд последниве години гради алтернативна платформа која им тера инает на меинстрим медиумите, тој се прашува дали има некоја поинаква агенда зад овој оркестриран медиумски напад. 

Богатиот север е климатски лицемер

20 земји од светот се прогласени за „уништувачи на планетата“ заради нивните проекти за проширување на капацитетите за вадење нафта и гас до 2050 година. Кај нив се 90% од таквите планови. А повеќе од половина од таквите проекти се само кај пет земји. Сите богати, сите од север. Со Америка на чело.

Видовме ли вонземјани?

Пред мексиканскиот конгрес беа обелоденети остатоци на нешто за што личи на вонземјани. Биле најдени во рудник во Перу а се стари можеби и 1.800 години. Истиве мумии да беа покажани пред американскиот конгрес, луѓе ќе помислеа дека се работи за просечно стар американски сенатор.  

СЗО треба да биде прогласена за терористичка организација

СЗО планира државите да потпишат правно обрзувачки договори со кои тие ѝ ги предаваат надлежностите во кризни времиња. Да се потпише договор со СЗО затоа што тие најдобро знаат за вакцини и лекови е исто како да се потпише договор со колумбиски нарко -картел затоа што и тие најдобро знаат за дрогите, смета незгодниот хрватски евро-парламентарец.

Лимити на парацетамол за да се намалат самоубиства

Иако денес помалку луѓе користат лесно достапни лекови за да ги ги одземаат животите, Англија планира дополнително да ја ограничи продажбата на парацетамолот и лекарствата кои го содржат. Тоа е една од преку 100 активности кои се предвидуваат да се намали бројот на самоубиства кои таму се почесто се извршуваат со бесење.