
Ултрамаратонецот Вигинс на 27 април по 18 пат ќе го трча Лондонскиот маратон. Првпат со тежок костим на себе за да се обиде се собори Гинисовиот рекорд во категоријата: „најбрзо истрчан маратон од човек облечен како сообраќаен конус“. (Да, Гинисовите рекорди навистина не познаваат граници).
На несекојдневниот чин го поттикнале тројца пријатели на возраст од рани шеесетти години, кај кои бил дијагностициран канцер на простата. Маратонецот ќе трча за да ги охрабри сите средовечни мажи поредовно да се тестираат за да може болеста да биде откриена во порана фаза, кога третманот е поефикасен.
Во хуманата мисија за подигнување на свеста за ракот на простата се пријавиле уште 260 маратонци.
Вигинс се надева дека ќе собере донации од барем 1.000 фунти за Фондацијата рак на простата, која има за цел да вложи 720.000 фунти за истражување на болеста од која страда секој осми маж. Фондацијата ги охрабрува мажите да го користат нејзиниот онлајн проверувач на ризик, кој за 30 секунди го проценува ризикот од развој на болеста.
Ако придонесам да се спаси макар и еден живот, вреди да се направи, вели Вигинс.
Актуелниот гинисов рекорд е 3 часа и 22 минути. Најдобриот резултат на Вигинс (во атлетска облека) е 2 часа и 52 минути. Веќе тренирал во костумот и привлекол внимание.
Некои мислеа дека сум морков, а на еден му личев на ракета, вели Вигинс.