Ако имате чувство дека бар на година дена би побегнале каде било од оваа македонска бучава, чемер и ништавило, а притоа имате ограничувања во вид на пасош, пари или слично, можеби понудата на НАСА ќе ви се види примамлива. За жал, не го бараат она што е полесно, луѓето да се прават дека се паднати од Марс, туку баш дека се таму, во нивното симулирано парче планета.