Разно

Шпиони и новинари на платниот список на Вајнстин

Еден од најмоќните луѓе во Холивуд со години работи на задушување на сите обвиненија против него за сексуални напади, во што на своја страна има ангажирано екс-Мосад шпиони и новинари.

Проблемот со Рајските документи

Што всушност „се откри“ со најновите милиони протечени документи од оф шор компании: дека тајкуните и компаниите со помош на своите даночни експерти, финансиски советници и адвокати го мрдаат капиталот со цел да ги намалат даночните основици и на тој начин да платат помалку данок. Тоа е како да откриеш дека сладоледот има шеќер или дека мечките серат во шума.

Ниту во Македонија гемиџии, ниту во Јапонија камикази

Има една штосна - а пасент дарвинстичка - теорија зошто Македонците денес се вакви, никакви. Затоа што најголемите македонски херои имаат загинато премлади, пред да успеат да го посеат своето јуначко ДНК семе, па овој народ е резултат на генетскиот материјал на оние Трајко, Трпе и другите што траеле и трпеле. Та не сме саде ние, та не сме саде тука.

Криење пари за богати во 5 чекори

Година и пол по Панама документите, новинарите на ИЦИЈ објавија ново пакетче документи од топлите краишта, овој пат под име Рајските документи, со тежина од 13,4 милиони фајлови собрани во 1,4 терабајти. Сега во прашање е една адвокатска компанија, Еплбај, која работи во 10 јурисдикции, и секаде работи на криење на парите на ултра богатите. Новинарите на ИЦИЈ успеале да им го најдат крајот.

200 универзитети пуштија 600 бесплатни онлајн курсеви

Како дел од глобална иницијатива што се води како МООК (Massive Open Online Courses) универзитети низ цел свет на интернет понудија бесплатни курсеви по најразлични предмети што тие ги владеат. Наоѓаш што ти треба, седнуваш, кликаш и учиш.

Изгледа отупевме на тероризам

Процената е дека со инсистирањето на создавање состојба на постојана опасност од терористички напади (големи или мали), ИСИС наместо чист страв успеа да креира замор кај јавноста низ светот во однос на истите.

Како Хилари Клинтон тајно ја презема Демократската партија

Неочекуван, жестоко критички текст на Дона Бразил, претседавачот на Демократската партија за лукавите потези на Хилари Клинтон со кои ја стави партијата под своја контрола. Повеќе од самиот текст, интересно е прашањето зошто баш сега ѝ се врти грб на Хилари? Дали тоа Демократите прават место за Берни Сандерс на тронот?

Зошто баш Лајка?

На 3-ти ноември 1957 Советите ја качуваат Лајка во сателит и ја лансираат во вселената, со што џукелата од московските улици станува првото живо суштество од Земјата што патувало во вселената.

42 клипови и филмови од компјутерот на Осама бин Ладен

Повеќе од 6 години по убиството на Осама бин Ладен од страна на американските специјалци сред Пакистан, ЦИА објави огромен дел од фајловите и документите што специјалите успеаа да ги извлечкаат со себе од куќата на Осама (заедно со неговото тело).

Изгледа толку беше и од кариерата на Кевин Спејси

Ако одиме по до сега востановеното сценарио претстојниов период најверојатно ќе се случи погребот на кариерата на Кевин Спејси, откако тој беше обвинет дека се обидувал сексуално да заведе малолетен глумец. Кевин Спејси речиси и да не негираше ништо од ова (не се сеќава, одамна било) и по пат ги потврди долгогодишните гласини дека е геј.

Јемелјаненко против Јемелјаненко

Неспорно нашиот омилен и за нас најдобар ММА борец што некогаш се појавил, против една несфатлива ММА дивоградба со застрашувачки наивен изглед. Првиот е Фјодор, вториот е брат му Александар.

Секс, дроги и нуклеарни подморници

Членови на екипаж на британска нуклеарна подморница се отпуштени од службата откако испаднале позитивни на дрога. А во подморницата паѓало и секс.

Ли Харви Освалд се сретнал со агент на КГБ пред убиството на Кенеди

Два месеца пред атентатот во Далас, официјалниот убиец на Џон Кенеди се сретнал со висок офицер на КГБ, од одделот за саботажи и ликвидации, откриваат штотуку декласифицираните документи на ЦИА.

Италија и плаќа на Либија да лови мигранти на Медитеранот

Додека чека ЕУ да се договори сама со себе да направи нешто околу пипка-трепка правилата за мигранти (каде стапне мигрант таа држава станува одговорна за него), на Италија и стана јасно дека е полесно таа директно да се договори со Либија.

Дали демократите ќе го засакаат Трамп во 2029?

По две војни кои се уште тлеат, стотици илјади убиени цивили, илјадници загинати американски војници и потрошени неброени милијарди долари, на Џорџ Буш помладиот му требаа само 9 години за да го рехабилитира својот имиџ.

Адолф Хитлер и останатите нацисти вегани

Да не вадиме подлабоки равенства ама повеќе лични исповеди покажуваат дека Хитлер е сериозен вегетаријанец, а и овие новите безмозочници што се палат на него тргаат по ист пат.

Нутела ќор-сокак од ЕУ правила

Меѓу останатото Грузија има две работи во изобилие: лешници и проблеми со Абхазија. Лешниците му требаат на Фереро за правење Нутела, а проблемите со Абхазија никако не помагаат во ова. Ништо од ова не станува полесно со вклучувањето на ЕУ во приказната.

САД и Сирија останаа сами на планетава

Откако се потпиша и Никарагва, на површина излезе едно необично перверзно сојузништво: САД и Сирија се единствените држави во светов кои не ја дадоа својата поддршка за парискиот климатски договор.

Весли Кларк не се откажува лесно од Трета светска војна

Еден од најмилитантните генерали на САД очигледно уште не може да им прости на Русите што своевремено го избламираа влегувајќи први на приштинскиот аеродром по косовската војна. Иако Обама на времето прописно го олади, некогашниот прв човек на НАТО повторно би да е фактор па оценува дека Русија е главната опасност. Не Северна Кореја, не ИСИС и тероризмот. Русија.  

Кај што Викинг ќе удри, таму дрво не расте

Викинзите ги испосекле шумите на Исланд уште пред илјада години. Oттогаш, овие што сè не пробаа да ги вратат. И нејќе па нејќе.

Брансон: Маск со Марс го претера

Не е тајна дека Илон Маск го сака Марс. Толку е опседнат со заминувањето таму што некогаш се чини дека дигнал раце од оваа планетава. Неговиот кломерцијален ривал, Ричард Брансон, мисли дека Маск треба малку да се спушти на земја.

Уште една рекордна година за 400 најбогати Американци

Влезницата во „Клубот 400“ е зголемена за 18% од лани а секој од првите 10 си го накачил богатството за барем една милијарда долари. 24-та година по ред, орото го води Бил Гејтс кој денес тежи 8 милијарди долари повеќе од лани. 

Ако треба лиценца за оружје, треба и за новинари

Изнервиран што му се мешаат во оружјето, републикански законодавец изготвил предлог закон со кој истото се бара и за новинари. Кој е без лиценца,  може да биде новинар само по дома.

Кој се изгорел од бурка, дува и на ајкула

Австриската полиција казнила човек затоа што заради рекламирање на еден дуќан, бил маскиран во ајкула. По кој закон го казниле? По законот за забрана на бурки.