Како мерка за справување со растечката закана од десничарски популисти, Хилари ги повика лидерите на ЕУ да испратат посилен сигнал со кој ќе покажат дека „нема да можат да продолжат да даваат засолниште и поддршка“.
„Сметам дека Европа треба да се справи со миграцијата затоа што тоа е она што го потпалува огнот.
Се восхитувам на многу великодушниот и сочувствителен пристап посебно на лидери како Ангела Меркел, но мислам дека е коректно да се каже дека Европа ја има завршено својата должност, и мора да испрати многу јасна порака - ’нема да можеме да продолжиме да даваме засолниште и поддршка’ - бидејќи ако не се справивме со проблемот со миграцијата тој ќе продолжи да за заматува политиката,“ порачува Хилари во интервјуто за Гардијан.
Една од важните препораки на Хилари е дека противниците на десничарскиот популизам во Европа и САД не треба да ја запостават загриженоста на избирачите околу расата и идентитетот, што таа го смета како една од најважните точки на кои има изгубено клучни гласови во 2016.
Таа и кај брегзит, кој го опишува како „најголем акт на национално економско себе-наштетување во модерната историја, смета дека главно се работи за имиграција.
Хилари е една од тројката „тешкаши на централната левица“ што ги интервјуира Гардијан. Останатите двајца се Тони Блер и Матео Рензи.