Спасителот кој го опљачка Нисан

Секој деветти автомобил на планетава е дојден од фабрика со која управувал тој. На Нисан му останува темелно да си го провери системот кој дозволил еден човек да го олесни за 44 милиони долари.

Неодамна уапсениот Карлос Госн е еден од највлијателните поединци во автомобилскиот свет а има култен статус во галаксијата на Нисан, во која орбитираат Рено и Мицубиши.

Истрагата ќе даде комплетна слика а медиумите наведуваат дека постојат два начина на кои Госн во последниве 5 години ја олеснил компанијата за 44 милиони евра: лажно прикажувајќи ги сопствените приходи и галантно купувајќи, главно за себе, луксузни недвижнини кои ги прикажувал како потреба на компанијата. Во вторава ставка се 17,7 милиони долари за само два апартмана, еден во Рио на Копокабана, друг во Бејрут, градот во кој го минал своето детство.

Не баш мала ставка се и неговите галантни годишни и други одмори кои ги плаќал Нисан а секој од нив чинел стотици илјади долари. А на расходната страна е и одржување на двете куќи на Госн во Амстердам и Париз.

Од друга страна, неговото апсење некои го сметаат како дел од тивката војна меѓу Нисан и Рено, францускиот производител кој бил управуван од Госн кој истовремено е фирма која има контролен (43,4%) управувачки пакет во Нисан. 

Се претпоставува дека само во последната година, шефот ги коштал Нисан, Рено и Мицубиши цели 17 милиони долари.

Роден е 1954 година во Бразил, неговите родители се имигранти од Либан. После завршување на престижната Политехничка школа во Париз се вработува во Мишелин, Му се дава фабрика на управување на негови 27 години а со 36 години станува главен за оерациите на фирмата во Северна Америка. Во 1996 година оди во Рено каде станува озлогласен по немилосрдниот стил на управување и агресивните кратења на трошоците. Откако Рено ги купува акциите во Нисан, тој во вторава компанија затвора 21.000 работни места.

На крајот на 2018-та го затвораат него.

 

26 ноември 2018 - 08:44