Озонската прекривка која постојано го дозира и филтрира сончевото зрачење елиминирајќи ги негативните делови на спектарот се опоравува со стапка од 1 до 3 проценти во едно десетлетие.
Во последниот извештај на Монтреалскиот протокол кој е потпишан во 1987 се проценува дека до 2060-та година тој слој кој смртоносните зраци ги претвора во сојузник на животот на планетава ќе биде целосно рехабилитиран на ниво на 1980 година.
„Според сегашните проценки, озонската заштита над северната полутопка во потполност ќе се оправи до 2030 година, комплетната обнова над јужната хемисфера се очекува до 2050 а најмногу ќе им терба на поларните подрачја кои ќе се опорават до 2060 година,“ се наведува во извештајот.
Со Монтреалскиот протокол се идентификувани главните супстанци кои го оштетуваат озонскиот штит и се усвоени мерки за нивно ограничување во производството и потрошувачката.