Денис Хоф е познат и надвор од своето место како ѕвезда од реални шоуа, поранешен макро и сопственик на бордел. Почина пред неколку недели, откако го прославил својот седумдесет и втори роденден.
И покрај смртта, неговоот име остана на гласачките ливчиња па Републиканците се мобилизираа да гласаат за него, за да не им дозволат на Демократите да го заземат тоа место.
Хоф кој себе си се нарекуваше „Трамп од Парамп“ освоил 70-тина проценти од гласовите а сега следува сложен процес за тоа кој ќе биде прогласен за наследник.
Противкандидатот на Хоф од редовите на Демократите, Лесиа Романов, ќе има доживотни проблеми со самодовербата.