Разно

Кој ќе профитира од Блек Лајвс Метер?

Прашање кое стандардно треба да се поставува за сите политички движења е - кој ќарува од тоа? За БЛМ допрва ќе се види колку бенефит ќе имаат оние во чие име се прави побуната. Но затоа, уште сега е јасно кој сигурно профитира - оној кому профитот му е во суштината на неговото постоење - капитализмот.

Има ли катетер во авионот?

Летањето нема ич да биде забавно во ерата на ковид. Организацијата за меѓународен авио-сообраќај издаде детални правила, упатства и насоки како треба да изгледа „новата одвратност“ во патничкиот авиопревоз. Меѓу другото, ќе се обесхрабрува муабетење меѓу патниците а се предвидуваат и рестрикции во пристапот до тоалет.

Ако викаш дека не можеш да дишеш, тогаш можеш да дишеш

Гневот на јавноста околу умирањето на приведениот црнец кого полицаец го имаше нагазено на асфалт со колено како да е змија ѕвечарка, се префрли на градоначалникот од Мисисипи кој реши да го брани полицаецот со горенаведениот аргумент. И да се прашува кој ќе сака утре да станува полицаец ако тие страдаат за вакви работи.

Што ако Трамп не лаже?

Многумина веруваат дека Доналд Трамп знае често да каже лага затоа што едноставно е таков - лажго. Но, има една друга, веројатно позагрижувачка можност: дека толку му сече.

Семејството Кашоги им прости на убијците на Џамал Кашоги

Синовите на убиениот (задавен и распарчен) саудиски новинар изјави дека семејство им простува на оние кои учествуваа во убиството на нивниот татко. Ова простување ќе влијае и на казната бидејќи може да биде основа за укинување на смртната казна на петмината осудени за неговата смрт.

Како бре од онолкава наука, за ковид-19 фаца стана доктор Зеленко?

Селски доктор на Јутјуб објавува комбинација со која ги третира своите пациенти со симптоми на ковид-19. Оттука, приказната свртува цел круг. Без никаква поткрепа од науката, трамписти го дочекуваат тоа како пресвртен момент во пандемијата а овие другиве што се демек либерали ги ругаат првине како небањати и глупи. А има и капак на сето тоа.

Како на најбогатата држава на светот ѝ снемаа маски?

Здравствени работници ги перат и по неколку дена по ред ги носат истите маски, вработени во супермаркети со висок ризик на заразување со месеци не добиваат маски, а згора на тоа националните резерви на САД со маски веќе на 1-ви април беа при крај.

Германскиот „Вухан“ носи добри вести

Масовно испитување на луѓето во германското гратче од кое тргна заразата во Германија покажа ниско ниво на општа инфицираност од 15% и уште поважно, ниска стапка на смртност од само 0,37 проценти.

На Англичаните нема кој да им го обере овошјето и зеленчукот

Велика Британија набргу ќе остане без овошје и зеленчук ако итно не организира чартер летови за носење аргати од источна Европа. Тоа не се сити Раша тудеј туку известува Гардијан.

Вирусот низ Европа го прошири монденско скијалиште на Алпите

Австрискиот Ишгл е Мека за богатите скијачи кои сакаат да се журкаат, па последниве години го завикаа „Зимска Ибица“. Откако стана јасно дека токму тоа место е главниот распрснувач на коронавируот во Европа, се открива како со него управувала лакомоста и неодговорноста.

Коронавирусот веќе има убиено повеќе Американци отколку нападите од 11-ти септември

Едно од прашањата што произлегува од оваа споредба е: ако САД по нападите почнаа глобална војна против тероризмот, дали досегашниот биланс на жртви е доволен за САД да започне глобална војна за заштита на човековото здравје?

Носење маски, културолошки разлики

Кај нас некои носат маска, некои не. Можеби затоа што сме некаде на средина од двете крајности: Азија каде што сите носат маски и Америка каде што никој не носи.

Американци почнаа да се редат пред продавници за оружје

За нас останува мистерија зошто во овие корона времиња јагмата е најголема баш по тоалетна хартија, односно зошто на луѓе побитен им е газот отколку, да речеме, устата. Тоа е особено видливо во САД (еј, во какви времиња живееме - Холивуд да кубури со гз папир!) и пошто во стампедата по хартија некои играат нефер, редици купувачи почнале да се прават и пред - продавници за оружје. Па да видиме кој е фер.

Британија, затната

Додека Западот изгледа како да колабира со секоја купена ролна тоалет хартија, Британија ги алармира своите граѓани дека замените за тоалет хартија што ги користат ќе ја оптоварат канализацијата на островот.

Корона дневникот на Доналд Трамп

Конзистентноста е последната работа на која мисли портокаловиот андроид кој управува со САД. Временски редослед на изјавите на Трамп за ковид-19.

Бељата со коронавирусот спасува човечки животи?

Непристрасно занимавањето со бројки некогаш може да доведе до бизарни корелации. На пример дека поради пандемијата и мерките што се преземаат поради неа, во крајниот жртвен биланс ќе бидеме во позитива.

Што се случи со Џордан Питерсон?

Последниве година-две, особено по излегувањето на неговата книга „12 правила за живот: противотров за хаосот“, не поминуваа ни неколку денови а да немаше нешто ново во врска со Питерсон - со кого се скарал, каде настапил, какво видео снимил. И одеднаш човекот го снема.

Психологијата на паничното купување

Стравот од ковид -19 не доведе само кај нас до празнење рафтови и купување огромни количини „стратешки“ производи. Освен дека глупоста е рамномерно распоредена на земјината површина, универзалноста на таа паника говори за тоа дека примарните биолошки механизми не фермаат ни големина на БДП ни развиеност на „check and balances“ ни други ставки кои ни се битни во нормални времиња.

Има ли патник во авионот?

Стравот од коронавирусот и Ковид -19 драматично го спушти бројот на патници. Но, поради правилата на индустријата, авиопревозниците мораат да го одржуваат бројот на летови за да не го изгубат местото во распоредот.

Неочекуваниот геј проблем на Пит Бутиџеџ

Во конзервативни и традиционалистички средини, нечија политичка кариера може веднаш да заврши ако му извадат муабет дека е геј. Америка го има поминато тој рубикон па во 2020-та го имаат првиот кандидат за претседател кој отворено е геј. Но, Пит Бутиџеџ сега има сосема поинаков проблем со својата сексуална ориентација. Неговите му замераат дека е премалку геј. 

Употребата и злоупотребата на етничките малцинства

Зошто западните елити некои малцинства ги сакаат повеќе од другите? Првенствено затоа што им се покорисни на елитите и им се попогодни за политичко менаџирање, да си ги одгледуваат за една долгорочна зависност.

Фантазија е дека сите ќе возат електрични коли

Земјите од ЕУ и други држави од континентот имаат амбициозен план до 2035 да престане да продава дизел коли а до 2050 континентот да биде CO2 неутрален. Само што, ќе се најде ли толку струја за сите тие коли?

Јегермајстер не е анти-христијански

Швајцарски суд донесе одлука по која 80 годишното лого на нивниот Пелинковац не е навредливо кон христијаните. Што значи дека крстот меѓу роговите нема ништо против нив а - додавеме ние - истиот може  да се толкува како предупредување дека ако фатиш да се инаетиш и да ѝ покажуваш рогови на пијачката, утредента само господ може да ти помогне.  

САД ќе тестираат како ќе ги биде без GPS

Пoтпирањето на навигациските сателитски констелации е клучно за многу индустрии како и за нaционалната и економска сигурност на државата. А нивните сигнали е релативно лесно да се пореметат.