Пластичниот отпад и онака претставува голема закана за морскиот живот и екосистемите а ковидот само ја зголеми побарувачката за пластика за еднократна употреба, интензивирајќи го овој проблем кој веќе е надвор од контрола.
Светов досега произвел над 8 милиони тони пластичен отпад поврзан со пандемијата. Поголемиот дел од овој отпад доаѓа од болниците и главно се акумулира на плажите и крајбрежните појаси. 25.000 тони имаат завршено во океан.
Веќе се наоѓаат пингвини со маски во стомак или риби заглавени во медицински ракавици.
Една неодамнешна студија процени дека 1,56 милиони маски за лице влегле во океаните во 2020 година. Речиси целата пластика поврзана со пандемијата завршува или на морското дно (28,8%) или на плажите (70,5%).