„Почнуваме да сфаќаме дека иако чувството на среќа е добра работа, преценувањето на таа вредност знае да возврати и да донесе чувство на несреќност“, вели еден од истражувачите кои спровеле студија на оваа тема сакајќи да дознаат во кој момент позитивноста станува токсична.
Постојат и други студии кои покажаа дека кога луѓето својата среќа ја вреднуваат високо, тоа може да ги води кон помалку среќа, особено на полињата на кои најмногу очекувале да бидат среќни.
Таа тенденција да се очекува среќата а потоа да се искуси разочараност и грижа на совест зошто не се постигнало очекуваното, е поврзано со депресивни и други непосакувани симптоми.
Отприлика како во следната карикатура:
Истражувањата покажуваат дека кога луѓето ги приоретизираат оние активности кои ги зголемуваат шансите да се биде среќен во иднина, наместо да се инсистира на инстант среќа, поголеми се изгледите да се биде задоволен од себе.
Тоа вклучува помагање и волонтирање или пак учество во некои проекти кои се вредни но на почетокот се чинат комплицирани.
Со други зборови, кон среќата поуспешно се доаѓа одоколу отколку фронтално.
Оние луѓе кои високо ја ценат својата среќа, далеку полошо се справуваат со негативните емоции кои се обидуваат да ги избегнат по секоја цена, наместо да научат да ги прифатат и да се справат со нив како со нормален дел од животот.
Една поговорка вели: „болката е неизбежна, страдањето е опционално.“ Болката, неуспехот, загубата и разочарувањето се неизбежни. Неизбежно е и дека човек некогаш ќе се чувствува депресивен, анксиозен, уплашен или осамен. Но, зенот е во тоа, наместо да пробува да ги затрупа, човек да си дозволи да се соочи со тие состојби и да се види со себе, ко човек.
На таа тема, двајца од главните социолози на нашето време, Рамбо и Луи.
"Примитивниот хомо сапиенс мрази тишина, тој и се весели и тагува правејќи бука, веројатно затоа што не може да ги поднесе внатрешните гласови кои се јавуваат во тишина. Оној кој ништо и за ништо не знае, наместо пријатни внатрешни гласови од длабочините на својот организам чувствува како му зјае провалија од непознато која очигледно е толку непријатна што мора постојано да ја затрупува со бучава“.
Рамбо Амадеус