Земур лично се идентификува дека политички е некаде меѓу Голизам и Бонапартизам, останатите главно го идентификуваат како крајна десница.
Тој има ставови за муслиманите од кои и паѓа непријатно дури и на Марин Ле Пен. Земур е против имиграцијата на Африканци муслимани заради заканата од „големата замена“, теоријата според која елитите работат на демографска и културолошка замена на француската (и европската) бела популација со не-европски народи како Арапи, Бербери, Турци и суб-сахарска муслиманска популација, преку масовна миграција.
Земур се нафаќа на улогата на спасител на христијанството и покрај тоа што по потекло е Евреј.
Решението што го има за 6 до 8 милионската муслиманска популација во Франција е дека таа треба да се асимилира во француското општество. Во тој процес најважно е да се укине исламот кој го смета политичка идеологија, а муслиманската популација да почне да се однесува како нивните претходници од почетокот на минатиот век, кои по доаѓањето во Франција ги менуваат своите муслимански имиња, со француски.
Доколку некој инсистира да има муслиманско име, предлогот на Земур е дека и понатаму ќе може да го има но како средно име.
На страна муслиманите, тој е фан и на Вишиевска Франција и работата на маршалот Филип Петен.
На една скорешна анкета на Ле Монд, Земур доби 16,5% од гласовите за претседателските избори следната година, што би било доволно за да влезе во втор круг на избори како еден од двајцата финалисти.