Министер за здравство го тужи Ван Морисон

Легендарниот Ван Морисон е генерално напизден на сите карантини, локдауни и други мерки за ограничување на слободата а конкретно го има безецирано министерот за здравство на Северна Ирска. Ќе мора да се разберат на суд.

Ван Морисон толку не може да се помири со новото нормално што тоа чувство го мава на пишување протестни песни:

Затоа што често го става во уста, министерот за здравство на Северна Ирска, Робин Свон, реши да го тужи 76 годишниот Морисон за клевета.

Најнапнато беше во јуни, кога Свон забрани живи свирки поради што  Морисон мораше во последна минута да откаже концерт. Па малку одлепи и повикуваше да му се придружат во паролата „Робин Свон е опасен!“

Не отстапи ни подоцна кога рече дека не се кае за кажаното:

„Човекот е измамник. Јас сум убеден дека е измамник. Зошто би се каел?“, порача Морисон преку својот Јутјуб канал.

Свон возврати со есеј во Ролинг Стоун во кој го примени очекуваниот напад, дека Морисон им дава крилја на љубителите на завери и „крстоносци со алуминиумски фолии на глава“. За адвокат министерот го има најмено Пол Твид, човекот кој ги застапува Џастин Тимберлејк и Харисон Форд.

Уште една тематска на Ван Морисон, со помош на Ерик Клептон.

 

8 ноември 2021 - 18:48