Offside

Добрите другари и веќе подолго време ортаци на теренот, Лионел Меси и Луис Суарез постигнаа по 2 гола во триумфот на Интер Мајами 4-0 против Ди-Си Јунајтед. Лео штотуку беше емотивно испратен во репрезентативно пензија во својата Аргентина, а сега му се врати на клупскиот фудбал каде продолжи да дава голови.

А што дебелиот да не може да освои Вимблдон?

По санирањето на повредата, Новак Ѓоковиќ е во Токио каде за прв пат во овој град ќе настапува на турнирот АТП 500. Кога веќе е Јапонија, се проба малку и во сумо борење. Има шанси да го собори, исто колку што дебелово може да може да му земе гем, па макар очи да му врзат на Ноле.

Милан го има најслабиот старт на сезона за 81 година, навивачите излегоа предвреме и свиреа

По примерот на Манчестер Јунајтед, и Милан докажува дека кога еден гигант ќе го допре дното, многу е тешко да се врати на старите патеки на успехот. Со години росонерите не можат да се опорават, а нов шамар синоќа им залепи Фиорентина предводена од ветеранот Рибери.

Ја одбра „Зајди Зајди“ и освои медал

Симболот на изворните македонски песни беше мотивација плус за извонредниот танц на оваа 17 годишна италијанската гимнастичарка Александра Аџурџукулезе која стигна до бронза. На радоста и немаше крај за успехот, а инаку се работи за Светско првенство во ритмичка гимнастика кое се одржа лани во Софија.

Навивачка пресметка во Тирана каква што не се памети

Во најголемото дерби на албанскиот фудбал меѓу Тирана и Партизани Тирана, гостите славеа со 1-2. Натпреварот го одбележаа незапамтени инциденти меѓу двете навивачки групи кои се пресметаа со употреба на бакљи, дрвја, каменици.

Не се опишува овој фер плеј потег

Ако има некој дострел поголем од тоа да освоиш злато на едно Светско првенство во атлетика, тогаш дефинитивно ова е тој. Еднаш на 100 години се гледаат вакви сцени. Светот го освои, не трката.

А ние мислевме дека вакво нешто има само на Сони Плејстејшн

Барнсли - Брентфорд во Чемпионшип. Гостите славеа 1-3, ама моментот кој им се случи во 38’ минута од мечот беше пресликан циркус од фудбалчето на Сони Плејстејшн после што најчесто страдаат џојстици.

Србија е европски шампион во одбојка

До златниот пехар Србите стигнаа без ниту еден пораз на Европското првенство и со неверојатен триумф над домаќинот Франција во полуфиналето и Словенија во финалето. Ова е трето европско злато за нашите соседи.

Спасителна служба Стив Манданда

Францускиот репрезентативен голман го спаси Марсеј од пораз против Рен пред своите гледачи и е најзаслужен што освоија макар бод со две лудачки одбрани во финишот.

Изјавата на колото ја има Сари

„Ударот на Пјаниќ потекнува од мајка му, не од мене, а можеби од татко му, не знам кој имал подобар удар дали мајка му или татко му“, вели стариот лисец за специјалистот за слободни удари Миралем Пјаниќ.

Од каде го извади Барса па ова дете?

Секој втор талент што ќе го извади во напад личи на новиот Меси, ама па овој не е како сите други, погледнете како ја осакати цела одбрана. Се вика Алекс Коладо, има 20 години и настапува за Барселона Б.

Хет-трик на Вардар во ЛШ

По триумфот против Монпеље, а потоа и Порто, европскиот првак го забележа и третиот триумф во елитата. Овој пат падна Мотор Запорожје во Украина со тесни 30:31.

Елмас за влакно не го постигна голот на кариерата

Дека има нешто посебно во ова дете, Наполитанците се сè посвени од натпревар во натпревар. Погледнете каков слалом им направи денеска на тројца фудбалери на Бреша. Еден италијански портал напиша: „Ова ако влезеше, ќе се срушеше Сан Паоло“.

Гостилница кај Џек против Андринико во битка за трофејот во Карпош

По голем број дерби и возбудливи натпревари со многу голови, утре со почеток од 21:00 часот е закажана финалната пресметка на најпознатиот фудбалски турнир во Скопје.

Уф каква десница на Пјаниќ на прва

Италијанскот првак очекувано ги собра трите бода против СПАЛ во 6. коло од Серија А. Роналдо погоди со глава, но претходно Пјаниќ ја распали на прва ептен домаќински. Да не му дадеш топка на 20 метри.

Шкендија прими гол од лежечка позиција

Ако некој погодок треба да оди на најавна шпица, тоа дефинитивно е овој на мечот меѓу Шкупи и Шкендија. Домаќините славеа 2:0 со головите на Марин Јурина, а вториот е нешто што не се сеќаваме последен пат кога сме го виделе. Црногорската, со лежење му го даде. Смешки или срамои, како сакате.

Ни крив ни должен остана без лице

Едниот имаше најдобра намера, да расчисти во опасна зона каде нема место за ризик. Вториот па е уште помалку крив и плус доби болка која не ја заслужи. Некои несреќни голови како овој во Канада едноставно не се повторуваат. 

Исплатлив црвен картон, нема што

Ова ти е таканаречен пресметан ризик во кој голманот треба да те извади од гомна. Тоа е тоа. На овој му успеа.

Голем француски талент од Ница украл часовник од соиграч вреден 70.000 евра

Минатата недела во фудбалскиот клуб Ница се случил незапаметен скандал. Новото засилување на клубот Каспер Долберг, кој летово дојде од Ајакс за 20,5 милиони евра останал без страшно драгоцен и скапоцен часовник.

Диего Симеоне само еднаш бил патосиран на терен

И тоа боксерски патосиран, во права смисла на зборот. За време на еден дуел меѓу Севиља за која играше Аргентинецот и Барселона чиј дрес го носеше Ромарио. Бразилецот после еден центаршут му удира толку силна тупаница на Чоло после што овој не можел да стане.

Потег на Ибра со кој ги предизвика Новак, Рајола, Погба и Хабиб

Златан Ибрахимовиќ си измисли таканаречен Матрикс џелинџ и тагна четворица славни личности: тенисер, агент, фудбалер и борач. Мино Рајола врвки не може да врзе, не па вака да се свитка. Ѓоќовиќ ќе проба, пошто сака вакви егзибиции.

Ги изора како нива во Говрлево

Кога ќе рече некој слалом, се мисли на ова. Тргнуваш, ги проаѓаш сите со ред и влегуваш со се топка во гол. Ете така.

Што им правел Меси на тренинг со одврзани врвки?

Треба да сме среќни што гледаме фудбал во време на Меси и Роналдо, бидејќи двајца вакви монструми во исто време кој знае кога пак ќе се родат. Крај нема на анегдоти за нив, а особено е важно што ги даваат нивни колеги кои без памет останувале кога требало да ги маркираат.

Жути уште се пробива како шило

Лино Червар во една прилика рече: Филип Миркуловски става глава, каде што други не би ставиле нога. И ете го на 36 години уште игра храбро и ги има оние карактеристични продори во Бундеслигата во дресот на Вецлар.

Ван Хоол со одлично второ полувреме до победа над ТАВ

Џонсон Мети, Ван Хоол и Лукоил славеа победи во четвртиот ден од првото коло во Бизнис лигата на Македонија.