Хаос во Батуми каде турски навивачи се судрија со грузиска полиција

Натпреварот меѓу Бешикташ и Хапоел Бер Шева во 5. коло на Лига Европа се играше во грузискиот град Батуми од безбедносни причини затоа што УЕФА не дозволува израелските клубови да гостуваат во Турција по војната со Палестина. На трибините избија големи нереди.

ХАОС ПРВО НАДВОР, ПА НА ТЕРЕН, ПА НА ТРИБИНИ

Натпреварот се играше во грузиски Батуми. Властите во Турција ја предупредиле УЕФА дека не можат да гарантираат безбедност на натпреварот доколку се игра кај нив.

Тензијата меѓу турските навивачи кои во бројка од околу 18.000 луѓе допатувале во Батуми и изралескиот тим веднаш била очигледна.

Прво екипите не се ракувале меѓу себе, капитените исто се игнорирале еден со друг. Турските навивачи имаа со себе и палестински знамиња на трибните.

На 21' минута фудбалерот на Бешикташ Салих Озџан го оттурнал главниот тренер на Хапоел Бер Шева Ран Козух додека трчаше кон топката. После ова скокна резервната клупа на Израелците а поради целата гужва главниот судија Мортен Крог покажа два жолти картони.

После четири минути судијата Крог го прекина натпреварот зошто на трибините избил хаос. Таму во ходниците навивачите на Бешикташ се тепале со грузиската полиција. Играчите тргнале кон навивачите да ги смират, а во преносот камерманите покажаа и еден навивач во бесвесна состојба како го изнесуваат на носилки.

 

Во исто време навивачите продолжиле да ја гаѓаат полицијата со столици кои ги кршеле од трибините.

Според турските медиуми натпреварот бил прекинат на кратко поради нереди на трибините. Навивачите на Бешикташ извадиле поголемо палестинско знаме која полицијата го забранувала со цел да спречи нереди. Набрзо избил масовен хаос а полицијата употребила и солзавец.

Натпреварот продолжи после 40 минути прекин. За време на паузата шест турски клубови на своите друштвени мрежи ја осудиле акцијата на грузиската полиција и ги поддржале навивачите на Бешикташ: Галатасарај, Фенербахче, Трабзонспор, Езурумспор, Истанбулспор и Самсуонспор.

27 ноември 2026 - 10:02