Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Авионот на Бешикташ погоден од молњи и громови, принудно го слетале

26 November 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Фудбалерите, стручниот штаб и луѓето од управата на Бешикташ морале принудно да слетаат на аеродромот Ризе-Артвин во Турција по поаѓањето од Истанбул, затоа што во текот на летот во воздушниот простор на Грузија каде што треба да играат со израелски Хапоел Бер Шева, приватниот авион бил погоден од молњи и громови неколку пати и доживеал големи турбуленции.
  • Според пишувањата на турски Хабер7, луѓе од Бешикташ за каналот ТРТ Спор рекле дека турбуленциите биле мошне сериозни и дека пилотите решиле да го слетаат принудно на аеродромот во градот Ризе. А од таму фудбалерите со автобус и автомобили се упатиле кон Батуми во Грузија.
  • „Ова беше најстрашен лет што некогаш сме го имале во нашите животи“, рекол некој од управата на Бешикташ.
  • Бешикташ е домаќин на Хапоел Бер Шева во Грузија поради тоа што израелските екипи не гостуваат во Турција од безбедносни причини по војната со Палестина. Израелските клубови воглавно се домаќини во Бачка Топола (Србија), Букурешт (Романија) и во Унгарија и Бугарија.
извор

Војдан Стојановски: 100 пати Македонија – една голема љубов!

26 November 2026
  • Share
  • Post
  • Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, денеска ќе испише нова страница во историјата на македонската кошарка. На дуелот против Кипар, кој се игра од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, искусниот кошаркар ќе го забележи својот јубилеен 100. настап во националниот дрес.
  • Приказната на Војдан во сениорскиот национален тим започна во 2008 година, кога го доби првиот повик од тогашниот селектор Јовица Арсиќ.
  • „Дресот на Македонија за мене отсекогаш бил светост. Чувството да се игра за својата земја е посебно и секогаш е исто, без разлика дали настапуваме на Европско првенство или играме квалификации и претквалификации.
  • Горд сум што имам можност толку години да ја претставувам Македонија и што стигнав до бројката од 100 натпревари. Тоа е голема чест за мене, но и мотив да продолжам да го давам максимумот. За репрезентацијата секогаш ќе бидам тука, додека ѝ треба мојата помош“, ни изјави капитенот Војдан Стојановски.
извор

Таленти од Наполи и Галатасарај станаа дел од младинскиот погон на Македонија

26 November 2026
  • Share
  • Post
  • Техничкиот директор на младинските национални тимови, Ѓорги Христов, на брифинг со медиумите говореше за постигнатото, предизвиците, критериумите за избор на репрезентативци и очекувањата од генерациите кои во наредните години треба да бидат основа на А репрезентацијата.
  • Посебно внимание привлече успехот на генерациите 2009 и 2010, кои во последните две години обезбедија пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство. 
  • „Треба да бидеме задоволни и горди на резултатите. Генерацијата 2010 обезбеди пласман во елитната фаза, а тоа е втора година по ред во која успеваме да го направиме овој чекор. Лани тоа го направи генерацијата 2009, сега и 2010. Станува збор за феноменален резултат, особено затоа што се работи за најмладите репрезентативни селекции. Во последните 30 години само двапати сме имале пласман во елитната фаза, а сега тоа го остваруваме две години последователно.
  • Ги следиме сите натпревари. Ако не сум јас, тука е Горан Пандев, ако не е Пандев, тука се Новески или Артим Шаќири. Тоа е многу значајно за децата од младите генерации. Сакаме да знаат дека нивната работа се следи, дека постои конкуренција и дека до репрезентацијата се стигнува со квалитет, работа и континуитет“, рече Христов.
  • Во новите репрезентативни циклуси, младинските селекции на Македонија добија две нови засилувања од познати европски клубови: Мануел Џилиберти од Наполи и Омер Дорук Вардар од Галатасарај.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Информер пука по шавови

Медиуми
2

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Македонштина
3

Аплауз за Димитрија

Разно
4

Што е убаво кога ќе дојдат стручните

Балканштина
5

Филип и Јулија, братче и сестриче

Балканштина
6

Сакате маркетинг?

Видео
7

Старо Скопје

Македонштина
8

Афрички пркос тече в наште жили

Разно
1

Павловиќ со несмасен автогол му подари триумф на Лил, Рома се спаси во Париз

Фудбал
2

Петарда на Реал Мадрид за едно полувреме, Манчестер Сити до реми со Наполи

Фудбал
3

Халанд во правен проблем со полски електричар

Фудбал
4

Жонглерот Белингем со мајсторија против ПСВ

Фудбал
5

Како Лазо Лечиќ го победил Дуда Ивковиќ со помош на гулаби

Кошарка
6

Дечки, можеби Лига на шампиони и не е за вас

Фудбал
7

Скандал во Азија, пијан им судеше во Лига на шампиони па го набркаа

Фудбал
8

Дај ми две чоколада од Казахстан, еве ти пар шорцеви од Реал

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Резултати од последниот систематски преглед

Македонштина

Старо Скопје

Македонштина

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Медиуми

Информер пука по шавови

Разно

Аплауз за Димитрија

Балканштина

Филип и Јулија, братче и сестриче

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Повеќе од обичен дрес

Дно на денот: "Pray for Skopje"

Тито ги сакаше Сандокан и Тарзан

Зошто The Office не е Бени Хил?

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy