Off.net.mk
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • Вести
  • Off Topic
  • Локалности
  • Net Roulette
  • Offside
  • Off Café
  • Bookbox
  • Off Course
  • +18
    • Девојка
    • Храна
  • Речник
  • Радио
  • На дното
  • И сл.
  • Барај
  • маркетинг
  • пиши му на Трендо
  • десктоп верзија

Offside › Набрзинка

Таленти од Наполи и Галатасарај станаа дел од младинскиот погон на Македонија

26 November 2026
  • Share
  • Post
  • Сподели
  • Техничкиот директор на младинските национални тимови, Ѓорги Христов, на брифинг со медиумите говореше за постигнатото, предизвиците, критериумите за избор на репрезентативци и очекувањата од генерациите кои во наредните години треба да бидат основа на А репрезентацијата.
  • Посебно внимание привлече успехот на генерациите 2009 и 2010, кои во последните две години обезбедија пласман во елитната фаза од квалификациите за Европското првенство. 
  • „Треба да бидеме задоволни и горди на резултатите. Генерацијата 2010 обезбеди пласман во елитната фаза, а тоа е втора година по ред во која успеваме да го направиме овој чекор. Лани тоа го направи генерацијата 2009, сега и 2010. Станува збор за феноменален резултат, особено затоа што се работи за најмладите репрезентативни селекции. Во последните 30 години само двапати сме имале пласман во елитната фаза, а сега тоа го остваруваме две години последователно.
  • Ги следиме сите натпревари. Ако не сум јас, тука е Горан Пандев, ако не е Пандев, тука се Новески или Артим Шаќири. Тоа е многу значајно за децата од младите генерации. Сакаме да знаат дека нивната работа се следи, дека постои конкуренција и дека до репрезентацијата се стигнува со квалитет, работа и континуитет“, рече Христов.
  • Во новите репрезентативни циклуси, младинските селекции на Македонија добија две нови засилувања од познати европски клубови: Мануел Џилиберти од Наполи и Омер Дорук Вардар од Галатасарај.
извор

Војдан Стојановски: 100 пати Македонија – една голема љубов!

26 November 2026
  • Share
  • Post
  • Капитенот на македонската кошаркарска репрезентација, Војдан Стојановски, денеска ќе испише нова страница во историјата на македонската кошарка. На дуелот против Кипар, кој се игра од 18:00 часот во салата „Лазар Лечиќ“ во Скопје, искусниот кошаркар ќе го забележи својот јубилеен 100. настап во националниот дрес.
  • Приказната на Војдан во сениорскиот национален тим започна во 2008 година, кога го доби првиот повик од тогашниот селектор Јовица Арсиќ.
  • „Дресот на Македонија за мене отсекогаш бил светост. Чувството да се игра за својата земја е посебно и секогаш е исто, без разлика дали настапуваме на Европско првенство или играме квалификации и претквалификации.
  • Горд сум што имам можност толку години да ја претставувам Македонија и што стигнав до бројката од 100 натпревари. Тоа е голема чест за мене, но и мотив да продолжам да го давам максимумот. За репрезентацијата секогаш ќе бидам тука, додека ѝ треба мојата помош“, ни изјави капитенот Војдан Стојановски.
извор

Гоце Седлоски повеќе не е селектор на Македонија

25 November 2026
  • Share
  • Post
  • Фудбалската федерација на Македонија и селекторот на македонската репрезентација, Гоце Седлоски, спогодбено го раскинаа договорот.
  • Поранешниот капитен на националниот тим помина неславно на кормилото, без ниту една победа, со 8 порази на 10 натпревари и со само еден постигнат гол.
  • „Понекогаш во фудбалот, без оглед на искуството, посветеноста и добрите намери, работите едноставно не се одвиваат онака како што сите посакуваат. Сметаме дека во овој момент е најдобро разделбата да биде во интерес на репрезентацијата, но и на Гоце Седлоски, без дополнителен притисок и негативни коментари кои не треба да бидат товар за човек кој оставил длабока трага во македонскиот фудбал.
  • Можеби моментот во кој ја презеде репрезентацијата не беше идеален. Можеби високите очекувања, наспроти реалноста, околностите и резултатите не се поклопија со она што сите го посакувавме. Но, тоа не ја менува неговата заслуга, ниту придонесот што го има дадено за македонскиот фудбал“, стои во дел од соопштението на ФФМ.
извор

Речник

Офф.нет
Радио
Радио

Најчитани

  • Off.net
  • Offside
1

Информер пука по шавови

Медиуми
2

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Македонштина
3

Аплауз за Димитрија

Разно
4

Филип и Јулија, братче и сестриче

Балканштина
5

Афрички пркос тече в наште жили

Разно
6

Сакате маркетинг?

Видео
7

Половина скопски објекти не се оданочени

8

Како пензиите ги изедоа државите

Разно
1

Петарда на Реал Мадрид за едно полувреме, Манчестер Сити до реми со Наполи

Фудбал
2

Халанд во правен проблем со полски електричар

Фудбал
3

Павловиќ со несмасен автогол му подари триумф на Лил, Рома се спаси во Париз

Фудбал
4

Жонглерот Белингем со мајсторија против ПСВ

Фудбал
5

Како Лазо Лечиќ го победил Дуда Ивковиќ со помош на гулаби

Кошарка
6

Дај ми две чоколада од Казахстан, еве ти пар шорцеви од Реал

Фудбал
7

Роналдо го исмеваше линискиот судија

Фудбал
8

93-годишен навивач на Атлетико Мадрид првпат го видел новиот стадион

Фудбал
* за последни 24 часа

Локалности

Балканштина

Резултати од последниот систематски преглед

Македонштина

Старо Скопје

Македонштина

Апел до уролозите: Намалете со тоа прстите!

Медиуми

Информер пука по шавови

Разно

Аплауз за Димитрија

Балканштина

Филип и Јулија, братче и сестриче

Што се чита во комшии?

Извор:

Штета ако сте пропуштиле

Хармониката како психотропна супстанца

Дечко, многу си згодна

Драги мои Македонци, сè ви е напишано, само што не читате

Беше, Бог да го прости, невозможен човек

Архива
  • Трендо
  • Маркетинг
  • Импресум
Следи не:
Powered by Трендоленд
hosted by
Hosted by Neotel
© 2026 off.net.mk |  Privacy Policy