Откако во Челси се решија за доста строги методи на однесување кои сезонава важат за секој играч, а ФК Осогово им реплицираше штосно во свој твитерџиски стил, денеска на истата тема се надоврзаа и за Арсенал, ама не клубот, туку по социјалните мрежи.
Тој што го составил правилников, по се изгледа прати многу фудбал и јасно му е како стојат работите во Арсенал.
Спрдњиве со Озил му се јаки, ама кај му текнало на двете највисоки казни. Пази ако се браниш односно играш одбрана ти следува казна од 10.000 фунти, а ако го правиш тоа пак 12.000.